| 10.08.2017. ПО ДОМА

Секој ден станува сè појасно дека пропагандниот тим на Груевски пред локалните избори се подготвува да излезе со нова кампања за ширење страв меѓу населението.

1. Ќе се шири стравот од Договорот со Бугарија, со кој „Заев се откажал од посебноста на македонската нација, од посебноста на македонскиот јазик и од македонското национално малцинство во Бугарија“.

2. Ќе се обвинува Заев за воведување „целосна двојазичност во Македонија со Законот за јазици и за создавање бинационална држава преку кршење на Уставот“.

 
 

3. Ќе се обвинува Заев дека „презел обврска да насели 150.000 бегалци од Сирија и ќе им даде станови, работа и државјанства“.

4. Ќе се обвинува Заев дека „со Грција се договара за смена на името“.

5. Нема да изостане и пропагандата на Спутник и на некои српски националистички кругови дека „160 илјади вооружани Албанци од Косово се подготвуваат да влезат во Македонија за потоа да се формира Голема Албанија“.

  
 

Се на се, Груевски ќе продолжи со својата пропаганда на стравот и ќе бара мандат за своите градоначалници и листи, за да ја спасува Македонија од „националните предавници“ кои формираа влада во Македонија.

Само тоа е причината што неговата парламентарна група бара интерпелација за министерката Мила Царовска, со цел да се стави на медиумската агенда стравот од мигрантите и се бара интерпелација за министерот за надворешни работи, за да се држи во центарот на вниманието „опасноста“ од Бугарите Грците и Албанците.

Груевски и натаму верува дека локалните избори може да ги претвори во некаков референдум за „спасување на Македонија“ од „националните предавници“ кои ја освоиле власта и кои само заради „предавството на националните интереси“ ја имаат подршката од соседите од САД и од ЕУ.

 
loading...
 

Коалицијата на власт не треба да ја потцени моќта на таквата пропаганда на стравот, иако таа не се покажа многу успешна во декември минатата година.

Но, треба постојано да се разобличува, да се исмејува и да се нудат аргументи за нејзината неоснованост и бесмисленост. Треба постојано да им се поставува прашањето на груевистите каква и чија национална програма стои зад таквата „патриотска“ пропаганда на стравот, во која тие се нудат за спасители од соседите од САД од ЕУ и од „домашните предавници“.

Долго време им успеваше лагата дека СДСМ им дозволил на 150.000 Албанци од Косово да се населат во Македонија, им дал државјансво и со тоа ја променил етничката структура на населението. Сега пак оперираат со бројката од 150.000 Сиријци кои ќе се населеле во Македонија и 150.000 вооружани Албанци што ќе влезеле од Косово.

Наскоро треба да се очекува и официјална Москва да ги потврди и да ги нарече оправдани сите нивни стравувања, а неколку српски сајтови ќе понудат и информации од разузнавачките служби и фотографии како доказ за секое од тврдењата на уплашениот од затвор Груевски.

Ѓорѓи Спасов – www.plusinfo.mk

(47)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени