| 29.12.2017. ПО СВЕТОТ

Mercedes-Benz 770K Grosser Offener Touring Car, кој го користел Адолф Хитлер, ќе биде понуден на аукција во јануари во Аризона. Копијата била користена од диктаторот неколкупати меѓу октомври 1939 и мај 1941 година.

Моделот е еден од петте останати Offener Touring Car верзии на 770K, автомобил од моделот W150 кој бил направен меѓу 1938 и 1943 година.

 
 

Автомобилот е опремен со мотор со осум цилиндри од 230 КС, кој постига максимална брзина од повеќе од 160 километри на час.

Оваа копија била нарачана во септември 1938 година од приватниот возач на Хитлер, СС Ерих Кемпка. На негово барање, биле поставени непробојни стакла и оклопи насекаде.

Во 1939 година Хитлер автомобилот прв пат го користел за возење до канцеларијата на Рајхот. Потоа, Хитлер го користел за време на посетата на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини во Минхен во јуни 1940 година. Се знае дека авртомобилот главно се користел за парадно возење.

  
 

На крајот на војната, автомобилот бил запленет од американските сили во Франција. Некое време и не се знаело за неговото потекло, па бил сместен во воен возен парк. По војната, кусо бил во приватна сопственост на белгиски колекционер, а потоа бил префрлен во Гринвил, САД, во Бирото ветераните од Северна Каролина. И таму бил користен на воени паради.

На почетокот на Третиот милениум, „супермерцедесот“ е купен од неименуван колекционер од Европа, а 2009 година го купил друг, руски милијардер.

Американските медиуми пишуваат дека на аукцијата возилото кое е целосно обновено може да достигне цена и до седум милиони долари.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени