| 14.05.2018. ПО СВЕТОТ

Полицајката Катја да Силва Састре му се спротивставила на напаѓачот кога пробал да ограби група луѓе пред училиштето.

Храбра 42-годишна мајка застрелала вооружен ограбувач пред портата на училиштето на своите деца откако тој им извадил пиштол на преплашени родители и на нивните деца.

Безбедносните камери пред приватното училиште во Бразил го снимиле моментот кога Катја да Силва Састре го совладува 21-годишниот напаѓач, кога тој вперил револвер .38 кон групата.

 
 

Драматичните снимки покажуваат како полицајката, која во моментот не била на должност, го застрелала осомничениот три пати откако тој посегнал да го зграби паричникот и телефонот на еден човек.

Вооружениот човек паѓа наназад на пешачкиот премин и двапати испукува додека паѓа на земја. Првиот куршум рикошетира од улицата не погодувајќи никого, а вториот се заглавува во оружјето.

Осомничениот, именуван како Еливелтон Невес Мореира, бил погоден во градите и нозете и починал од повредите откако бил пренесен во болница.

  
 

Инцидентот се случил во саботата во Сузано, Сао Паоло, за време на настан по повод одбележувањето на Денот на мајката.

Полицајката, која отишла на настанот со својата седумгодишна ќерка, им рекла на колегите: „Не знаев дали ќе пука во децата или во мајките или во чуварот на вратата на училиштето. Само размислував да ги одбранам мајките, децата, мојот живот и животот на мојата ќерка“.

Полицискиот портпарол рече: „Овие криминалци лесно ја губат контролата. Катја не знаеше дали тој ќе почне да пука во децата, во мајките или во директорот што беше на влезот на училиштето. Таа само размислуваше да ги одбрани родителите, децата, себеси и својата ќерка“.

 
loading...
 

Полициската станица ѝ оддаде почит на Катја со букет цвеќе, а гувернерот на Сао Паоло, Марко Франца, рече дека покажала „умешност, техника и храброст“.

Тој додаде: „Не е идеално што почина осомничениот. Ние би претпочитале тоа да не се случеше. Но тоа е предупредување до оние што земаат пиштол дека би можело да бидат убиени, бидејќи нашите професионалци за безбедност се добро обучени за заштита на јавноста“, рече тој.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени