| 12.02.2018. ПО СВЕТОТ

Shi Yuying постојано го масира својот внук и му прави билни подготовки. Детето има церебрална парализа но благодарение на грижата од својата баба тој може да стои и да направи неколку чекори со помош.

Shi Yuying има 76 години и се грижи за својот внук за кој сака да го добие своете потребно образование. Нејзиниот внук Jiang Haowen е во количка, но таа секој ден го турка 24 километри до училиштето и назад. Тоа трае веќе 4 години. Нејзината намера да го прави тоа е се додека може да оди.

На Jiang Haowen (9) му е дијагностицирана церебрална парализа кога имал две години. Неговите родители во меѓувреме се раздвоиле.

 
 

Неговата мајка стапувала во брак неколку пати, а татко му отишол да работи во Guilin за да би можел да го издржува. Освен тоа што секојдневно го турка до училиште и назад, бабата му ги масира екстремитетите, припрема за него различни билни лекови и се обидува тој да може да стои и малку оди.

Се надева дека детето еден ден ќе се опорави. Училиштето од нивниот дом е одалечено 3 километри но бабата до таму и назад во денот оди 8 пати.

  
 

Благодарение на својата баба тој напредува. Може да стои и дури со помош да направи и неколку чекори. И понатака со потешкотии го држи пенкалото во раката. Бабата за него вели дека е паметно момче кое добро знае математика.

Поради скапите лекови им се акумулирале огромни трошоци, но бабата вели дека тоа не е важно бидејќи момчето напредува и добива квалитетно образование.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени