| 06.04.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Индијана Џонс се враќа во уште една авантура, а на режисерското столче уште еднаш ќе седне Стивен Спилберг. Тој вели дека Индијана Џонс ќе продолжи да се појавува на филмското платно, иако не е сигурен кој актер ќе ја глуми улогата.

Во следното продолжение од сагата за археологот Индијана Џонс ликот ќе се врати на авантурите по кои стана познат во 80-те години од минатиот век.

Стивен Спилберг проговори за плановите околу новото продолжение на филмовите за Индијана Џонс и рече дека е тешко да се очекува Харисон Форд да се врати во улогата, бидејќи актерот ќе има 80 години кога филмот ќе ја доживее премиерата. Според него, време е култниот лик да заземе друга форма.

 
 

„Следниот Индијана Џонс би можело да биде жена. Само ќе треба да го смениме името од Џонс во Џоун“, изјави Спилберг за The Sun.

Стивен Спилберг го создаде ликот на Индијана Џонс заедно со Џорџ Лукас („Star Wars“) и поради тоа му е тешко да ја препушти режисерската палка за оваа франшиза на некој друг. Во новиот филм повторно музиката ќе биде компонирана од Џон Вилијамс.

Минатиот викенд излезе новиот филм на Стивен Спилберг, „Ready Player One“, додека новото продолжение на филмовите за Индијана Џонс би требало да се најде во киносалите во летото 2020 година.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени