| 05.12.2017. ПО СВЕТОТ

На 5.029 метри надморска височина на Хималаите, во Индија, се наоѓа езерото Рупканд кое поради непристапноста било откриено пред околу 70 години.

Ова глечерско езеро во поголемиот дел од годината е смрзнато, а во остатокот водата се повлекува и открива над 500 човечки костури на кои долго време не им беше познато потеклото.

Оттогаш, антрополозите излегле со многу теории, од кои најпопуларни се дека се работи за изгубена војска, за луѓе кои умреле од епидемија па се однесени таму за да се спречи ширење на зараза, но и дека се работи за колективно самоубиство.

 
 

Сепак, откриено е дека на голем број черепи има знаци на насилна смрт, но во моментов, најверојатна е претпоставката дека се работи за припадници на племе, кои пред околу 3.000 години тргнале да бараат вода во тој реон, но биле погодени од силно невреме проследено со големи зрна град. Токму оттаму се претпоставува дека доаѓаат ударите на черепите на телата кои вечно почиваат на дното на езерото Рупканд.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
04.12.2017. Ливадџија
03.12.2017. The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени