| 22.11.2017. ПО СВЕТОТ

Ирански хакер е обвинет за хакерство во серверите на HBO и крадење на епизоди од Game Of Thrones. “Winter is coming for Behzad Mesri”, изјави обвинителот Јун Ким вчера за новинарите. Хакерите можеби мислат дека се безбедни зад мониторите, но дури и за нив, зимата ќе дојде, рече Ким.

Месри имаше во посед дотогаш необјавени видео материјали, односно цели епизоди од популарната серија, сценарија и потенцијални разврски на приказната, а целта му била да ги уцени HBO за 6 милиони долари во биткоин. Јун се погрижи да каже и дека Месри веќе никогаш нема да може да го напушти Иран без страв дека ќе биде уапсен. Месри тврди дека украл 1,5 терабајти на податоци.

 
 

 

Неколку месеци пред упадот во јули и големата беља што им ја направил на HBO, Месри вршел извидување и собирал податоци за вработените во HBO и ги добил своите влезни ингеренции пред да го хакне обезбедениот HBO сервер.

Тој украл големи количини на заштитени информации и доверливи податоци. Потоа преку анонимни пораки, хакерот им испратил поздрав на децките од HBO, барајќи откуп од 6 милиони долари во биткоин. Ако HBO не му исплати, тој се заканил дека ќе ги пушти онлајн украдените сценарија, разврските на приказната и неемитуваните епизоди на популарната сегија. Тоа било во јули и август.

  
 

Сега, околу четири месеци подоцна, ФБИ и сајбер обвинителите му објавија кривични пријави.

 

 
loading...
 

Проблемот што го имаат со Месри е тоа што тој е иранец, живее во Иран, а САД не се баш во најдобри односи со нив. Додуша, во катастрофални односи се со Иран. Така да, неможат да го уапсат. Инаку, Месри работел за и со иранската војска на цела плејада на сајбер оружја, вклучувајќивоени системи, нуклеарни софтверски системи и реметење на израелската сајбер структура. Човек од кариера во сајбер просторот, да се каже со еден збор.

(28)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени