| 10.01.2018. ПО ДОМА

Ако сакате да загубите неколку килограми, рецептот е веќе познат: Хранете се правилно и вежбајте. Но, која од овие две работи ќе направи поголема разлика? Дали е поефикасно да се оди четири пати неделно во теретана или да се јаде салата наместо чипс?

За Филип Стенфорт, професор на Универзитетот во Тексас и извршен директор на тамошниот институт за фитнес, не постои дилема.

„Кога губењето на килограми е во прашање, анализите покажаа дека исхраната игра многу поголема улога отколку вежбањето“, изјави Стенфорт за „Science Alert“.

 
 

Тој објаснува и зошто: Вежбањето бара време и постојан напор. Потребно е повеќе време за да се видат резултатите.

„Покрај тоа, со вежбањето се трошат помалку калории, за разлика од тоа што поголемиот дел од луѓето го мислат“, додава професорот.

Од друга страна, постојат многу продукти во нашата исхрана богати со шеќери, масти и калории, од кои можеме да се откажеме и релативно брзо може да се забележи промена во телесната тежина.

  
 

„Морате да пешачите 56 километри за да потрошите 3.500 калории. Тоа е многу одење. А една чоколада, отприлика содржи 500 калории. Многу е полесно да ја прескокнете таа чоколада, отколку да одите осум километри“, објаснува Стенфорт.

Науката го потврдува она што Стенфорт го зборува.

Големо истражување извршено на повеќе од 3.000 испитаници, објавено пред неколку години во магазинот „American Journal of Clinical Nutrition“, покажа дека храната со помалку калории била поефикасна при процесот на слабеење, отколку вежбањето.

 
loading...
 

Вежбањето е важно подоцна. Други истражувања пак, покажале дека луѓето кои успеваат да загубат клограми, таа тежина најлесно ќе ја задржат со редовно вежбање.

Покрај тоа, вежбањето го подобрува и расположението и му помага на организмот полесно да се справува со стрес и депресија.

Значи, ако сакате да го загубите вишокот на килограми во 2018 година, размислете околу промена во режимот на исхрана.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени