| 04.01.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Исланд стана првата држава во светот во која е нелегално на мажите да им се даваат повисоки плати во споредба со жените, јавуваат агенциите.

Според новиот закон, компаниите и владините агенции со повеќе од 25 вработени ќе мора да добијат сертификат за еднаквост на платите, а оние што нема да го добијат ќе мора да плаќаат казни.

„Станува збор за механизам кој ќе обезбеди мажите и жените да бидат еднакво плаетни за истите работни места“, изјави Дагни Оск Арадотир Пинд, членка на одборот на Исландското здружение за права на жените.

 
 

Новиот закон стапи на сила во понеделникот, а беше најавен на Денот на жената минатата година. доби подршка од коалициската влада и опозицијата во парламентот, во кој жените се 50 отсто од составот.

„Сметам дека луѓето сега почнуваат да сфаќаат дека нееднаквоста во платите е системски проблем кој мора да го решаваме со нови методи“, изјави Арадотир Пинд за Ал џезира.

Светскиот економски форум (ВЕФ) ја прогласи Исланд за водечка земја во борбата за еднаквоста на половите веќе деветта година по ред, а владата вери дека ќе ја искорени нееднаквоста во платите до 2022 година.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени