| 17.12.2017. ПО ДОМА

Го знаеш она моментот кога имаш некој голем проблем што не можеш да го решиш и тогаш твојот пресериозен пријател ќе ти тресне нешто толку апсурдно и на прва глупо, што ако го размозгаш малку, си викаш – па може и да успее? Ете, така Скопје се чувствува сега, откако последниве недели главата ја има пикнато во ауспухот на светот, а низ градот се шири паника откако почна да се појавува недостиг на маски за заштита од смог, ПМ честички и останати отрови, а прочистувачите на воздух одат како алва.

За среќа на Скопје, другарот Иван Исцелител на својот фејсбук-профил понуди решение за проблемите со загадувањето со кое се соочуваат неговите жители. Според него, сите граѓани во исто време треба да ги отворат прозорците од своите домови на една минута, каде топлиот воздух од домовите ќе се крене во облаците, а свежиот воздух ќе се спушти надолу. Држи вода, само тоа ќе кажеме…

 
 

Ако и ова не успее, ќе пробаме да ги отвориме портите на пеколот под Скопје, таму сигурно има доволно топол воздух…

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени