| 06.11.2017. ПО СВЕТОТ

Од секогаш знаевме дека ќе се случи. Нешто повеќе од два месеци откако Конор Мекгрегор беше нокаутиран од Флојд Мејведер во најскапиот награден меч во боксот на сите времиња, ирецот побара реванш, но овој пат, под поинакви услови.

Двократниот шампион на UFC изјави дека би сакал тие двајца повторно да се видат, но овојпат, наместо да му се спротивстави на боксерскиот ринг, тоа да го сторат во UFC октагон.

За време на неодамнешното интервју во Глазгов, Мекгрегор изјави дека ќе го совлада Мејведер во реванш било каде, но дека тој би преферирал тоа да биде MMA борба. Тој исто така повтори дека Мејведер претходно ветил дека ќе има реванш, но со мешани правила на боречки вештини.

 
 

Бизнис Инсајдер го пренесува интервјуто во кое тој вели: “Она што ме загрижува сега е тоа што “копиљот“ се пензионираше сега. Ако имав шанса за уште една борба со него, според правилата на боксот, би дошол до таа победа. Со оние лекции што ги научив за боксот, со уште еден обид, јас ќе го добијам. Мејведер има скор од 50-0, не го повикувам, ќе го чекам. Ќе видиме откако ќе ја потроши оваа рунда пари, па можеби и ќе добијам уште еден повик…

Мејведер допрва треба да реагира на овие изјави, но едно е сигурно, а тоа е дека 2018 би можела да биде уште една интересна година во поглед на дуелите во рингот.

(28)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени