| 13.11.2017. ПО СВЕТОТ

Авион на Катар Ервејс беше принуден да слета кога бил на сред рута, откако една жена која го искористила палецот на заспаниот сопруг за да му го отклучи телефонот, открила дека човекот има афера.

Двојката и нивното дете летале на одмор за Бали, Индонезија, по качувњето во Доха. Жената постојано го удирала својот сопруг откако дознала за неверството, а капетанот бил принуден да направи непланирано слетување во Чанај, Индија, откако екипажот на летот не можел да го врати редот.

Семејството потоа било однесено во центарот за притвор на аеродромот, бидејќи тие немале индиска виза, пред да бидат сместени на лет за Куала Лумпур.

 
 

“Авионот на Катар Ервејс QR-962 (Доха-Бали) беше пренасочен во Ченај откако пилотот побара тој да го истовари непослушниот патник како причина”, изјави за Хиндустан тајмс, офицер од индиската централна безбедносна сила (ЦИСФ).

“Жената и нејзиниот сопруг, заедно со нивното дете, беа симнати и летот продолжи за Бали”.

Весникот соопштува дека екипажот на авионот не ја смирил сопругата, за која се вели дека е ирански државјанин. “Жената го отклучила телефонот на нејзиниот сопруг користејќи го неговиот отпечаток од палецот кога спиел, а потоа се отвориле портите на пеколот откако ја открила неговата неверност”, се вели во извештајот.

  
 

Катар ервејс одби да коментира за да ја заштити приватноста на своите патници.

(1027)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени