| 27.11.2017. ПО СВЕТОТ

На сите нас ни се случило барем еднаш во животот да заборавиме каде сме ја паркирале колата. Но, на еден германски возач тој заборав му траел 20 години, кога неодамна автомобилот му бил пронајден. Властите во Франкфурт, Германија го пронајдоа автомобилот паркиран во една катна гаража. Причината зошто автомобилот одеднаш станал ”видлив” откако толку долго бил паркиран е дека зградата сега е планирана за уривање.

Во тоа време, сопственикот на автомобилот им пријавил на властите за својот исчезнат автомобил. Сега, откако автомобилот беше пронајден, полицијата го одвезе сега 76-годишниот сопственик за повторно да се соедини со својот Volkswagen Passat. Сепак, по 20 години неактивност во гаражата, автомобилот не бил погоден да се вози.

Кога го изгубил автомобилот, човекот мислел дека ги пребарал сите места каде што можел да паркира и заклучил дека му бил украден. Сепак, полицијата соопшти дека тој само бил ”скриен” од поглед и бил на истото место каде што го оставил 20 години пред тоа.

 
 

Сопственикот пријавил дека автомобилот бил украден во 1997 година. Кога ги прашале за судбината на автомобилот, властите во Франкфурт изјавија дека возилото повеќе не може да се вози и дека ќе биде испратено во отпад. Што значи, иако автомобилот бил пронајден, сопственикот тешко дека може да се порадува.

Затоа, ако меморијата почне да не ве служи како некогаш, а сеуште сте шофер, можеби е време да почнете да пиете од оние суплементи за подобрување на помнењето и концетрација. Да не си ја најдете колата после 20 години…

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени