| 14.05.2018. ПО ДОМА

Малку калории, малу масти и малку јаглен хидрати се најчестите совети кога е слабеењето во прашање. И мажите и жените често се одлучуваат за консумирање на нискокалорична храна за побргу да загубат килограми, со што практично изгладнуваат, пренесува „Independent“.

Многумина после такви диети нема да признаат дека нешто подоцна килограмите повторно им се враќаат и тоа неретко многу повеќе од оние што ги загубиле.

„Нашиот мозок всушност ја контролира нашата маса, нашиот метаболизам и чувството за глад. Истражувања спроведени во изминатите 50 години покажуваат дека хипоталамусот е главен за тоа колку се дебелееме или слабееме. Нашиот мозок има многу јасна идеја за тоа колку сме тешки и сака да ги саботира сите наши обиди за слабеење. Тоа е причината поради која многу луѓе после губење на килограми, по некое време повторно се враќаат на истата телесна тежина. Станува збор за таканаречен јо-јо ефект“, вели Џејсон Мекеун, еден од најдобрите невролози во Британија.

 
 

Тој вели дека нискокалоричните диети (кои тој ги нарекува и изгладнување), уште однапред се осудени на пропаст.

Мекеун тврди дека слабеењето е многу поедноставно во теорија, бидејќи нашиот мозок всушност работи против нас.

„Нашиот мозок точно знае на која телесна тежина е среќен. Единствен начин на кој можете да влијаете на вашиот изглед и да ослабите е да го „ресетирате“ мозокот, вели неврологот.

  
 

Тој советува дека е најдобро полека и постепено да се намалува со внесувањето на шеќери и големината на оброците, а паралелно да се започне и со вежбање.

„Брзи решенија кога е слабеењето во прашање не постојат, или едноставно не се здрави“, заклучува неврологот Мекеун.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени