| 14.04.2018. ПО ДОМА

Јагодите трета година по ред се на прво место на листата Дванесетмината валкани, во просек со траги од 10 пестициди по примерок. Рекордер меѓу јагодите бил примерок со траги од 22 различни пестициди.

На второ место на листата е спанаќот, а по него следуваат: нектарини, јаболка, грозје, праски, цреши, круши, патлиџани, целер, компир и бабури. Секој од овие производи имал остатоци од пестициди и содржеле повисока концентрација пестициди од останатите производи. Речиси 70% од регуларно одгледуваните овошја и зеленчуци имале траги од пестициди.

Листата изработена од Енвајрментал воркинг груп се базира на резултатите од тестовите што американското министерство за земјоделство ги има извршено на 38.800 не-органски примероци. Освен овие податоци употребени се уште 5 мерки за составување на поредокот.

 
 

Кај над 98% од примероците од јагоди,, спанаќ, праски, нектарини, цреши и јаболка, биле најдени трагови од барем еден пестицид. А во просек, спанаќот има 1,8 пати повеќе остатоци од пестициди отколку кој било друг производ.

Има две решенија на проблемот. Поскапо: овошјето и зеленчукот од списокот да се купува органско. Поевтино: овошјето и зеленчукот од списокот пред користење да биде потопено под вода барем 30 секунди. За второто решение истражувањата покажуваат дека никакви додатоци во водата нема да го подобрат исходот, освен додавање сода-бикарбона.

Она што треба да се има предвид паралелно со овој список е дека според последниот извештај за пестициди од американското министерство за земјоделство, кога на некоја храна ќе бидат откриени пестициди, тие речиси секогаш се под границата за безбедна човечка консумација одредена од Агенцијата за заштита на околината.

  
 

Истата организација изработува и список на Чисти 15 овошја и зеленчуци кои содржат најмалку пестициди. Овој список за 2018 почнува со Авокадо, пченка, ананас, зелка, кромид, замрзнат грашок, папаја, аспарагус, манго, модар патлиџан, диња (и од зелената и од портокаловата), киви, карфиол и брокула.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени