Јас сум на иста возраст како Салман Абеди – бомбашот-самоубиец од Манчестер, и скоро на иста возраст како неодамна идентификуваните терористи од Лондон Бриџ. Исто така, ѝ припаѓам на истата вера како и тие. За среќа, овие се единствените две нешта што ги имаме заеднички. Освен што студирам медицина на факултет, моментално работам и како претседател на британската муслиманска студентска асоцијација Ahmadiyya. Па како тоа излеговме толку различни? И може ли одговорот на тоа прашање да помогне да се редуцира бројот на млади луѓе на кои им се пере мозокот до екстремизам?

Примарниот одговор на ова е едукацијата. Дури и во детството, јас секогаш прашував прашања околу мојата религија, и како што растев, имав пристап до имами и постари подготвени да ги одговорат тие прашања. Имав слобода да ги предизвикам, да ги поставам најтешките и најсензитивните прашања околу „најконтроверзните“ аспекти на исламот.

Низ овој процес научив дека исламот учи дека нема присилност во религијата, дека одземањето дури и на еден живот е еквивалентно на убивањето на цело човештво, и дека спасувањето на еден живот е еквивалентно на спасување на целото човештво. Научив дека концептот на џихад не е околу ширење на религијата по пат на сила, туку околу борбата со сопствените злобни желби, со цел реформирање на самиот себе во пристојна индивидуа со чисто срце.

 
 

Научив дека Пророкот Мухамед учел дека лојалноста кон нацијата во која живееш е дел од твојата вера, што го потврдува фактот што барем еднаш годишно на нашите религиски функции ние јавно се зарекуваме да ѝ служиме на нашата земја секогаш кога е потребно. Научив за улогата на хуманоста и добротворноста (charity) во исламот, и тоа што Куранот го нарекува „стрмно искачување“ – вистинските средства со кои ќе се здобиеш со блискост до Бога: „Тоа е ослободување на робот, или хранење во ден на глад, или сирак што ти е близок, или сиромашен човек што лежи во правта“.

Научив дека исламот не е комплетно пацифистичка религија, и дека навистина постојат стихови за војување – меѓутоа, тоа е секогаш стриктно дефанзивно. Пророкот Мухамед бил гонет од сопствените луѓе преку повеќе од декада, а сепак се впуштил во битка само откако мигрирал, со цел за заштита не само на исламот, туку и на слободата секој да ги следи своите верувања на тие од сите вери, која била под закана во тоа време.

Генерално, низ одговорите што ги добив научив дека сé во мојата вера е во хармонија со човечката природа, и дека нема ништо догматско или неразумно или заканувачко по општеството. Научив дека цврстата основа во исламското знаење всушност е заштита од радикализација.

  
 

Следствено, поразувањето на екстремистичката идеологија лежи, во голем степен, во рацете на муслиманските имами и учители. Ако тие се достапни да ги едуцираат нивните следбеници од рана возраст околку вистинската мирољубива природа на исламот, тогаш нема закана дека овие индивидуи ќе се радикализираат подоцна во животот.

Иако ова е идеолошка битка, нашата владата исто така може да помогне. Студија спроведена од експерт по исламски студии на Универзитетот во Њукасл во 2007-ма година, покажа дека околу една-четвртина од британските џамии содржат злонамерна и литература што шири омраза. Се покажа дека целосното издавање и дистрибуција на таквата литература е поврзано со саудиската влада, и многу од џамиите беа раководени од Саудиска Арабија. Вахабизмот – видот на ислам што се практикува во Саудиска Арабија, е екстремно строга и остра (severe) форма на ислам, кој често е цитиран од ИСИС за инспирација.

 
loading...
 

Мора да престанеме да дозволуваме вахабистички џамии да бидат градени во Велика Британија, и да направиме повеќе околу тоа да ги искорениме екстремистичките проповедници кои веќе се тука. Еден начин да се постигне ова, како што напомена еден истакнат муслимански лидер, е да се надгледуваат џамиите, особено петочните богослужби, за да се искоренат потенцијалните закани. Најефикасниот начин на превенцијата од радикализација е остранување од нашата нација на полните со омраза свештеници и религиски учители кои имаат влијание врз младите умови.

Во претстојните денови и недели, јас и моите муслимански пријатели од Ahmadi (од студентската асоцијација) ќе присуствуваме на бдеења и комеморации за неодамнешните напади, на кои ќе носиме маици и ќе држиме пароли со пораки за мир и љубов. Можеби ќе зборувам со другите таму и ќе пролеам заедно со нив солзи за жртвите. Можеби меѓу нашите ужалени срца и повредени души, ќе бидам способен да разменам зборови за надеж со луѓето околу единството и плурализмот што овие ѕверства го будат во нашето општество.

Можеби ќе наидам на луѓе чии погледи на исламот се формирани од терористите, и можеби тие ќе погледнат кон мене и моите пријатели – британски муслимани на слична возраст како екстремистите, и ќе ме прашаат: Како излеговте толку различни? И со насмевка, ќе им одговориме.

Дамир Рафи, за британски Independent

(133)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени