| 14.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Сумата звучи неверојатно нели? И не, не е за “нашата“ црква, туку за римокатоличката се мисли. Иако, педофилијата стана огромна тема на дискусија во текот на изминатите месеци, бидејќи не се случуваат сексуални злоупотреби само во Холивуд, туку и меѓу елитата станува се почеста.

Реалноста за злоупотреби на децата од страна на Римокатоличката црква се појавува повторно и повторно, а сепак, некако, продолжува да се случува и понатаму. Ако сте го гледате филмот Spotlight, можеби имате идеја за тоа како работите се одвиваат.

Додека не можете да ставите цена на невиноста на детето, можете да поставите цена на тоа колку пари католичката црква исплатила во судски постапки во врска со неконтролираната епидемија на злоупотреба на деца во своите редови.

 
 

Се надеваме дека фактите подолу ќе ви помогнат да сфатите дека на некој начин финансиската поддршка која им се дава на црквите, во конкретниов случај на католичката црква, освен за “изградба на црква“ им помага да се прикрие и да се брани педофилијата и сексуалната злоупотреба на деца. Да не збориме и за дополнителниот факт дека владите низ светот обезбедуваат даночни ослободувања за она што можеби е најголемата педофилска организација на планетата.

Исто така имајте во предвид дека католичката црква со години знаела за тоа и не сторила ништо за да се справи со тоа, наместо тоа, тие ги покриваат случаите.

Според Џек и Дајан Рул од National Catholic Reporter, кој одлучиле да ја истражат оваа конкретна тема, од 1950 година до денес, Ватикан има потрошено 3,994,797,060.10 долари. Тоа се речиси 4 милијарди долари за да се задржи проблемот тивок и далеку од очите на јавноста. Тој број може да биде и малку конзервативен, со оглед на тоа што се случиле зделки “под маса”, кои биле откриени во истражувањето на “Spotlight”. Повеќето случаи никогаш не биле пријавени, ниту пак биле однесени на суд, оставајќи ја нивната реалност во темнината.

 
 

Ако овој износ на пари кои биле користени за да се заташкаат случаите, биле подеднакво поделени меѓу 197 епархии на САД, секоја ќе добиела по речиси 20 милиони долари. Неверојатен износ на кеш од работливи луѓе кои избрале да ја поддржат добрата вера и намери на Црквата – луѓе кои се родители на мали момчиња кои се сексуално злоупотребувани – се користат за да се прикријат несветите злосторства што ги извршуваат свештениците.

Во раните деведесетти, монах кој работел во Ватикан отворено во Њујоркер признава: “Вие нема да верувате во сумите на пари што ги троши црквата за да ги решат овие свештенички случаи на сексуална злоупотреба”. До 1992 година, дел од американските епархии имаа дадено 400 милиони долари за решавање на стотици случаи на злоставување.

Клучната точка за размислување е како прикривањето на сексуалната злоупотреба на деца служи да се направи човештвото подобро или помирно? Особено ако истото доаѓа од религиозна институција.

 
loading...
 

(172)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени