| 13.11.2017. ПО ДОМА

Новогодишните празници се ближат и додека повеќето од нас имаат тенденција да ги поминат дома, патувањето некаде за оваа сезона може да биде забавно, а можеби дури и нова традиција.

Не сте сигурни каде би можеле да одите? Ние знаеме. Пронајдете го вашиот хороскопски знак и видете го нашиот предлог за патување овие новогодишни празници!

1. Овен (21 март – 19 април): Чикаго

Метежот и вревата на овој ветровит град се совршени за премногу енергичните овни. Одете на уметничко лизгање на зимскиот WonderFest фестивал, а потоа можете да продолжите на Christkindlmarket, новогодишна традиција и базар. Вас нема да ви биде здодевно овде, држете не за збор.

 
 

2. Бик (20 април-20 мај): Кастлтон, Англија

Необичен, но ултра-празничен, Кастлтон е мало село во кое би се вљубил секој Бик. Прекрасна, старомодна архитектура, снег и изобилство на осветлени дрвја прават да се чувствувате како да сте влегле во вистински божиќен филм.

  
 

3. Близнаци (21 мај – 20 јуни): Рејкјавик, Исланд

Исланд е совршен за немирните близнаци кои секогаш бараат место каде што има некоја сериозна забава, но и да можат да направат сериозна пауза. Проверете го Божиќниот пазар на Јуле Таун!

4. Рак (21 јуни – 22 јули): Хонолулу, Хаваи

Да се биде воден знак, снегот можеби и не ви е толку привлечен. Слечете ги чевлите за снег и зграбете пар сандали! Хаваи е тропското место за да се поминат празниците.

 
loading...
 

5. Лав (23 јули – 22 август): Њујорк, САД.

Сакате да бидете во центарот на вниманието, па затоа лавот и Њујорк се совршениот спој за тоа. Лизгајте на Рокфелер Плаза!

6. Девица (23 август – 22 септември): Барселона, Шпанија

Девиците имаат тенденција да бидат љубители на животните, што го прави празнувањето во Барселона со парадата со камили, жирафи и слонови доволна причина да се посети. Има и други весели прослави што ќе ги најдете таму!

7. Вага (23 септември-22 октомври): Прага, Чешка

Вагите се склони да гравитираат кон старата школа, готската архитектура и магичноста на “Мала Страна“ во Прага. Погледнете опера во Чешката опера и посетете го празничниот базар на Стариот градски плоштад!

8. Шкорпија (23 октомври-21 ноември): Аспен, Колорадо

Фаворизирање на традицијата со доза на забава, поминувањето на празничната сезона во Аспен, Колорадо е идеално за Шкорпија! Местото е облечено во снег, со еден тон работи за правење додека сте таму.

9. Стрелец (22 ноември – 21 декември): Тромсо, Норвешка

Стрелците сакаат да бидат на отворено, па патување каде што можете да уживате во природата е вашата идеална замисла за среќен одмор. Можете да патувате со санка влечена од кучиња или преку жичарница.

10. Јарец (22 декември – 19 јануари): Нирнберг, Германија

Сакате да се чувствувате како лик во Оревокршачка? Одете во Нирнберг, јарци! Поминете време на познатиот Нирнбергер Христендлмаркт, возејки се на дрвеното панорамско тркало и вкусете традиционална храна.

11. Водолија (20 јануари – 18 февруари): Цирих, Швајцарија

Водолиите “се познати по тоа што се оригинални“, па ниту еден типичен град нема да биде доволен за вас. Нели? Цирих е неверојатна дестинација за одмор, со илјадници светла, базари, и heissi schoggi или попознато како топло какао.

12. Риби (19 февруари – 20 март): Париз, Франција

Рибите имаат восхит за романтика, музика и уметност, што ги прави одличен кандидат за посета на Париз. Познат е и како Град на светлината, гарантирајќи дека ќе биде спектакуларен за време на празниците.

(417)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени