| 26.11.2017. ПО ДОМА

Луѓето кои пијат три до четири шолји кафе дневно, е поверојатно да имаат корист за своето здравје отколку да си наштетат, пренесоа агенциите, повикувајќи се на пост на списанието “Бритиш медикал џурнал”.

За истражувачки цели, неговите автори од Универзитетот Саутемптон, Велика Британија, ги анализирале податоците од преку 200 претходни студии, повеќето од нив биле набљудувачки.

Направената анализа од специјалистите  покажува дека умерената консумација на кафе е поврзана со намален ризик од предвремена смрт од каква и да е причина, од болести на срцето и црниот дроб како цироза, дијабетес, деменција и некои видови на рак. Оптималната доза според научниците е три до четири шолји кафе на ден, освен за бремените жени и изложените на зголемен ризик од фрактури.

 
 

“Анализирајќи ги податоците, стигнавме до заклучок дека во целина придобивките од кафето се повеќе од штетите”, вели д-р Робин Пул, шеф на истражувачкиот тим. Анализата покажува дека потрошувачката на кафе е поврзана со намален ризик од предвремена смрт од каква и да е причина и од кардиоваскуларни заболувања.

Најсериозен пад на релативниот ризик е пријавен кај луѓе кои пијат три чаши кафе на ден во споредба со оние кои не го консумираат пијалакот. Кафето е исто така поврзано со намален ризик од некои видови на рак, вклучувајќи простата, ендометриум, кожа и црн дроб, како и дијабетес тип 2, жолчни камења, гихт, деменција.

Пиење повеќе од три чаши кафе на ден не е поврзано со штета, но корисните ефекти се помалку изразени, истакнуваат истражувачите. Експертите додаваат дека, бидејќи нивната анализа се базира главно на опсервациони студии, не може да се извлечат дефинитивни заклучоци за причинско-последична врска.

  
 

Кафето е еден од најчесто употребуваните пијалоци во светот – секојдневно се пијат 2,25 милијарди чаши. Пијалакот содржи голем број на “чудесни” соединенија со анти-канцер, антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Авторите на најголемото од ваков вид истражување за ефектите од кафето врз здравјето, опфатило над 500 000 луѓе од 10 европски земји и е објавено во почетокот на годината, прогласувајќи го овој пијалак за “одличен лек”, потсетува  “Дејли експрес”.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени