| 02.01.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Најверојатно куп компании, претприемачи и иноватори имаа одлична 2017 година. Сепак, Илон Маск и неговите компании се чини дека се чекор пред сите. Г. Маск и неговите компании имаа куп подвизи и презентации оваа година. Новитети имаше од сите компании: Space X, Tesla и одделот на Tesla кој се однесува на батериски системи.

Во 2017 година, Tesla испрати свои тимови во Порторико. Островот опустошен од ураганот Марија остана без електрична енергија. За да помогне барем на дел од населението, г. Маск испрати тим кој со соларни панели успеаа да оспособи една од болниците.

При крајот на 2017 година, г. Маск ги претстави електричните камиони Semi. Иако камионите беа главна вест и ѕвезда оваа вечер, Tesla ја најави и новата генерација на Tesla Roadster. Возилото кога ќе биде достапно треба да биде најбрзиот автомобил кој серисики се произведува.

 
 

Сепак најголем напредок имаше Space X. Компанијата не само што успеа да креира ракета која ќе може да се употребува повеќе пати, туку веќе имаа 20 слетувања. Falcon 9 беше толку успешен што на крајот, полетувањата и слетувањата речиси и не беа вест. Во 2017 година, Space X имаше повеќе успешни лансирања од Русија. Ракетите кои ги креираше Space X може да се користат повеќе пати, а со самото тоа за нив е потребен само дел од средствата кои се потребни за традицоналните.

Boring Company започна со прва фаза тестови на подземните тунели кои ги најавија. Станува збор за подземна мрежа тунели во кои возилата ќе се пренесуваат со брзина од 200km/h. Со ова ќе се намали густиот сообраќај во градовите. Веќе има неофијални најави за поврзување на неколку градови. На последните тестови HyperLoop стигна до 384 km/h.

Електричните полу автономни камиони се „закануваат“ дека ќе ја променат транспортната индустрија. Камионот може да помине 480 километри и е поевтин за работа од дизел камионите.

  
 

Конечно, HyperLoop системот за превоз на патници, од месец во месец поставува нови рекорди. Слично како и технологијата за BoringCompany, и HyperLoop користи тунели за пренос на патници. Со помош на специјално изработена капсула, во тунел со намален притисок транспортот ќе биде неколку пати побрз од традиционалниот.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени