| 19.10.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Од неодамна, на 30 локации ширум Нови Сад осамнаа необични билборди. На билбордите се индивидуално претставени најдобрите стотина и кусур ученици од новосадските основни и средни школи.

Без гајле, не се децава избрани со врски. Во прашање се ученици кои минатата школска година оствариле најзначајни успеси на државните и меѓународните натпревари од областа на науката и уметноста. Паноава се дел од еден поголем проект, наречен „Учам + Знам = Вредам“, промовиран од Здружението за промоција на општествена одговорност. Општествена одговорност од типот, претпоставуваме, учениците да се оддолжат за тоа што општеството им овозможило едукација, ама уште повеќе – општеството да им се оддолжи на учениците што вредно работат, со тоа што ќе ги пофали и ќе им покаже дека ги цени.

Цел хор? Не е проблем ни тоа.

 
 

 

Истава иницијатива во Нови Сад ја имаше и лани. Тогаш беа поставени вкупно 30 билборди, во четири локални самоуправи, со вкупно 140 ученици. Годинава ќе има повеќе од 60 билборди, во седум локални самоуправи, а ќе бидат промовирани околу 200 успешни основци и средношколци.

(44)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени