| 15.03.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Парковите на Дизни се рекламираат дека нудат „магични“ искуства, но тоа не секогаш е случајот кога се наоѓате во нив, бидејќи искуствата често знаат да се разочарувачки.

Иако сонот на секој од нас, без разлика на возраста, е некогаш да посетиме некои од овие паркови, еве што може да очекувате од тоа искуство:

1) Наместо пријатно фамилијарно искуство и запознавање со ликовите од филмовите на Дизни, ќе искусите огромни гужви

 
 

Според некои извештаи, паркот Magic Kingdom во просечен ден во 2016 имал 56 000 посетители, чија бројка се зголемува за неколку илјадници повеќе за време на празниците и школските распусти.

2) Сонот на секое девојче е да ги запознае омилените принцези, но за тоа се чека многу

  
 

За средба со Ана и Елза од “Frozen” времето на чекање е и до 5 часа

3) Моментално нај атрактивната локација Пандора од филмовите „Аватар“ сакаат да ја видат буквално сите

 
loading...
 

За да се влезе во неа се чека и до 5 часа, а редот за разните возења знае да е долг и по 3 часа.

4) Шансите повторно да си ја пронајдете количката за деца се мали

Полно родители со малечки деца мораат некаде да ја остават количката – но поради огромниот број на посетители, нејзиното повторно пронаоѓање може да трае долго и да предизвика значителни нервози

5) Модерната технологија знае и да откаже

Полно од возењата во Дизни парковите вклучуваат модерна технологија, како што е Toy Story Mania која вклучува и 3D технологија. Но за жал, и технологијата некогаш знае да откаже, како што бил случајот со аниматроник куклата на Урсула од Малечката Сирена, која пеејќи ја нејзината препознатлива песна останала без глава – што може да замислите колку ги исплашило децата.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени