Една од најголемите загатки во врска со нашата актуелна ситуација со лажните вести и претворањето на социјалните медиуми во сериозно оружје е зошто луѓето што ја изградиле оваа технологија се толку изненадени од она што се случува. Прв пример е секако основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, чие политичко образование неодамна го опишав. Но, тој не е сам, иако, би рекол дека е претставник на многу од најголемите двигатели денес во технолошкиот свет. Имаме зголемена употреба на фразата “Леле луѓе, што направивме?”, од страна на поранешните вработени во “Фејсбук” и “Гугл”, кои почнаа да сфаќаат дека сите одлични и кул работи на кои што работеле, можеби имале и антисоцијални последици.

Едноставно, она што го создадоа Гугл и Фејсбук е еден пар на неверојатно софистицирани, компјутерски управувани системи за извлекување на личните податоци и патеките на сурфање на корисниците, нивно рафинирање за продажба на рекламни на маркетинг агенциите во аукции за брз пристап до податоци кои се целосно нерегулирани и нетранспарентни за сите, освен на самите компании.

Целта на оваа инфраструктура беше да им се овозможи на компаниите да ги таргетираат луѓето со внимателно прилагодени комерцијални пораки и како што знаеме, тие се прилично добри во тоа. (Иако некои агенции почнуваат да прашуваат дали овие системи се толку добри колку што тврдат Гугл и Фејсбук.) И со тоа, Цукерберг, коосновачите на Google, Лари Пејџ и Сергеј Брин и останатите како нив, сами си дадоа лиценци за ”печатење на пари” и изградија нездраво профитабилни компании.

 
 

Изгледа никогаш не им текнало на нив, дека нивните рекламни софтвери, исто така, може да се искористат за прецизно насочени идеолошки и политички пораки до гласачите. Оттука очигледното прашање: како можело толку паметни луѓе да бидат толку глупави? Циничниот одговор е дека тие знаеле за потенцијалната темна страна и не се ни грижеле, бидејќи ако го признаат тој факт најверојатно нивните компании нема да биле толку профитабилни. Што е уште еден начин да се каже дека повеќето технолошки лидери се социопати. Лично мислам дека тоа е малку веројатно, иако меѓу нивниот број се некои многу чудни ликови: ќе ви текне на пример, на ко-основачот на PayPal, Питер Тиел, омилениот ”техничар” на Трамп, или Тревис Каланик, основачот на Убер.

Што друго би можело да ја објасни неверојатната наивност на технолошката елита? Моето предчувство е дека тоа има некаква врска со нивното образование. Земете ги коосновачите на Google. Сергеј Брин студирал по математика и информатика. Неговиот партнер, Лари Пејџ, студирал инженеринг и информатика. Цукерберг се повлече од Харвард, каде што студирал психологија и информатика, но се чини дека повеќе се заинтересирал за второто.

Е сега математиката, инженерството и компјутерските науки се прекрасни дисциплини – интелектуално предизвикувачки и исполнувачки. И тие се економски од витално значење за секое напредно општество. Но, станувањето доктор на науки или експерт во овие области ги учи студентите многу малку за општеството или историјата – или во општи црти за човечката природа. Како последица на тоа, новите господари на нашиот универзум се луѓе кои во суштина се само полу-образовани. Тие немаат изложеност на хуманистичките или општествените науки, академските дисциплини кои имаат за цел да обезбедат разбирање за тоа како функционира општеството, за историјата и за улогите што верувањата, филозофиите, законите, нормите, религиите и обичаите ги играат во еволуцијата на човечката култура.

  
 

Сега почнуваме да ги гледаме последиците од доминацијата на оваа полуобразована елита. Како што вели еден искусен набљудувач, Боб О’Донел, “ако биле запознаени со дела како “Демократијата на Америка“ од Алексис де Токвил, “За Слободата“ од Џон Стјуарт Мил, па дури и со работата на античките грчки историчари, можеби ќе биле во можност многу порано да го препознаат потенцијалот за “тиранијата на мнозинството” или други вознемирувачки социолошки феномени кои се вградени во самата природа на денешните социјални медиумски платформи. Додека навидум системите се демократски на површно ниво, систем во кој недостатокот на структура значи дека сите гласови носат еднаква тежина, а сепак популарноста, а не искуството или интелигенцијата, всушност повлекува со себе влијание, очигледно има потреба од повеќе префинетост и смисла отколку што му била дадена првично”.

Сите овие состојби ме потсетуваат на познатот предавањето “Две Култури“ од Ц.П. Сноу, држено на Кембриџ во 1959 година, во кој тој се жалеше на фактот дека интелектуалниот живот на целото западно општество беше изненаден од јазот меѓу спротивставените култури на науката и инженерството од една страна, и хуманистичките науки од друга – со тоа што првата ја држи превласта меѓу современите владејачки елити. Сноу сметаше дека оваа перверзна доминација ќе ја лиши од интелектуалниот капацитет Британија од напредок во поствоениот свет и очигледно копнееше да го промени тоа.

Сноу почина во 1980 година, но некој сигурно ќе се запраша што ли ќе си мислел за новите господари на нашиот универзум. Јас се надевам дека тој може да го толкува ова како потсетник на старата поговорка: биди внимателен што посакуваш – можеби ќе ти се оствари.

 
loading...
 

Џон Ноутон – Гардијан

(89)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени