| 20.12.2017. ТАБЛА

Здружението на бизнис жени (ЗБЖ / ABW) има потреба од ангажирање на проектни администратори (една слободна позиција), за работа на проекти во областа на женското претприемништво, со полно работно време за периодот јануари 2018 – април 2019 година.

Избраните кандидати ќе треба да ги извршуваат следниве задачи:
–    Соработка со писмена и усна кореспонденција со различни чинители потребни за реализација на проектните активности
–    Реализирање на задачите и активностите за потребите на проектот
–    Креирање, ажурирање и соодветно архивирање на целокупната проектна документација, електронски и во печатена форма
–    Организација на средби и настани, и активно вклучување во истите
–    Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим
–    Редовно контактирање и известување за текот на проектната реализација
–    Промоција на проектот и проектните цели и активности
–    Давање препораки за подобрување на состојбите во областа на проектното делување.

Доколку сте заинтересирани и сакате да го имплементирате вашето знаење, ве молиме вашето CV да го доставите најдоцна до понеделник, 25ти декември 2017 година на [email protected]

 
 

Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени