| 09.11.2017. ПО СВЕТОТ

Лоши вести за сите вас кои сакавте со крстарење да ја посетите Венеција во иднина. Имено, примарниот проблем за тензиите помеѓу локалците и туристите во Венеција, иако ги има многу, е фактот дека во иднина ќе се забрани огромните крстаречки бродови да влегуваат во градот кој тоне.

Комитет составен од италијанската влада, донесе одлука дека од 2021 година па натаму, џиновските крстаречки бродови потешки од 55.000 тони, нема да можат да впловуваат во градот како досега.

Наместо тоа, ќе треба да поминат преку венецијската лагуна од голема оддалеченост од градот и да се закотват во Маргера, индустрискиот центар на регионот Венето.

 
 

Многу од локалците велат дека огромните бродови кои пловат точно покрај плаца Сан Марко и низ влезот на главниот канал, пред да влезат во Гвидека каналот и да поминат покрај познатиот Затаре залив, ја уништуваат историската инфраструктура и ги загадуваат водите. Другите пак, велат дека крстарењата се есенцијален приход на градот чија економија овие денови, е речиси целосно базирана на туризам.

Маргера пак, од друга страна со своите фабрики чии оџаци исфрлаат чад и прашина во атмосферата кои можат да се видат со километри наоколу, не е баш привлечна за туристите кои очекуваат да се здобијат со животно искуство и спомени влегувајќи во водениот град со брод. Сепак, работните задачи и инфраструктира се очекува да биде завршена за 3 до 4 години.

Лука Зата, гувернер на Венето регионот, вели дека Маргера ќе биде способна да му посака добредојде на луксузниот туризам кој носи приходи во регионот.

 
 

(119)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени