| 14.11.2017. ПО СВЕТОТ

Дури и ако не сте љубител на книги и пишан збор, ако случајно се најдете во Кина, направете исклучок за да ја посетите оваа неверојатна нова библиотека, бидејќи, како што можете да видите подолу, неверојатната структура има гигантски сферичен аудиториум во средината кој изгледа исто како огромно око.

Се наоѓа во Бинхајскиот културен округ во Тијанџин, библиотеката има пет ката, а беше дизајнирана од холандската фирма MVRDV во соработка со Урбанистичко-планирачки институт на Тијанџин (TUPDI) и оттогаш е наречена “окото на Бинаи”. Опфаќа 34.000 квадратни метри и може на своите полици да држи до 1,2 милиони книги. Во текот на само три години структурата е завршена, а библиотеката располага со област за читање на приземје, дневни области во средишните делови и канцеларии и простории за состаноци и компјутерски и аудио соби на врвот.

Не сме сигурни колку ќе се начитате од друга страна, ние би биле попосветени на шетање и разгледување на ова страшно добро архитектонско издание!

 
 

 

  
 

 
loading...
 

 

 

(85)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени