Постарите може ќе се сетат на југословенскиот филм „Храњеник“ снимен во 1970 година. За младите, чисто се сомневам дека некогаш воопшто слушнале за таков филм (сепак, тоа не е „Игра на тронови“), но јас ќе се обидам да бидам добро момче и барем накратко да им ги раскажам и да им ги доловам клучните поенти од филмот, кој во голема мера се поистоветува со сегашната политика во нашата мила и напатена Македонија.

Дејството се случува во еден логор, каде што цела една група Југословени е заробена и живее во многу лоши услови, освен еден затвореник од истата група, кому непријателот му ја доделува титулата „капо“ и многу други привилегии, а за возврат бара од него да го одржува редот во ќелијата и да ги контролира своите браќа. Па така, ако тие добиваат половина чинија храна во денот, тој добива две чинии. Ако тие умираат од жед, тој се полева со вода и разни други пијалаци, овошје, зеленчук.

Но, како тоа да не е доволно, тој започнува и физички да ги малтретира и крвнички да ги измачува своите сонародници. За да му стават крај на садизмот, групата решава целата храна што им следува да му ја даваат само на еден затвореник, со цел да може поскоро да си ја врати силата, да го нападне нечесникот и конечно да ги спаси сите од тврдата тупаница на сегашниот „капо“.

 
 

За среќа, нивниот план успева и конечно „храњеникот“ станува новиот старешина, но за жал, тој уште веднаш прикажува дека е многу поголем садист од претходниот и дека поседува многу побујна садистичка фантазија. И што се случува? Затворениците повторно решаваат да се одречат од јадење и одлучуваат својата храна да му ја даваат на првиот „капо“, тешејќи се дека тој бил барем за нијанса подобар и дека неговите шлаканици помалку болеле.

Е па, драги мои сонародници, зарем ова сценарио не ни е добро познато и почувствувано врз сопствена кожа? Како што стојат работите во изминатите 25 години, најверојатно ние сме истите тие затвореници во логорот наречен „Македонија“. Исто така, сакам да ве потсетам дека се ближат локалните избори, па и кој „капо“ да го одберете, бидете сигурни дека ќотекот е неизбежен.

Мартин Богатиноски – www,kalimero.mk

  
 

(650)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени