| 20.12.2017. ДЕШАВКИ

Date : 27.12.2017. - 27.12.2017.
Location : Скопје
Venue : МОБ
Start : 20:00
Price : 600 мкд

Василиј Медведев (Русија) / Нерија Голдберг (Литванија) – КЛЕОПАТРА
Балетски спектакл

Бисера Чадловска – диригент
Василиј Медведев (Русија) – кореограф
Нерија Голдберг (Литванија) – музика
Павол Јураш (Словачка) – сценографија / костимографија
Јана Темиз – либрето
Милчо Александров – светло дизајн
Концерт мајстор:
Репетитори: проф. м-р Тања Вујисиќ Тодоровска, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска

Клеопатра: Александра Мијалкова
Цезар: Васил Чичиjашвили (Грузија)
Марк Антони: Бобан Ковачевски
Октавија: Марија Кичевска Шокаровска
Змија: Мими Поп Алексова Анастасовска
Аполодор: Дојчин Дочев (Бугарија)

 
 

Почитувани посетители,

Среќен сум да ве поздравам на нашиот спектакл – светската премиера на балетот „Клеопатра“, создаден за Македонската опера и балет.
Ние почнавме да сонуваме за оваа постановка пред неколку години, тогаш имав среќа да работам со примабалерината на Македонската опера и балет, прекрасната Александра Мијалкова. Таа ја имаше главната улога во мојот балет „Дамата со камелии“ и ние замисливме да создадеме оригинален, нов спектакл – специјално за Александра. Во светот има многубројни примери кога балетот се создава поради една истакната танчарка.
Имавме многу идеи, но конечниот избор падна на најмистериозната жена во античкиот свет – Клеопатра. Последната царица на Египет, наследничката на Александар Македонски, легендарната освојувачка на срцата, од дамнина ги инспирира поетите, композиторите и режисерите, па и ние, исто така, се свртевме кон историјата на прекрасната и таинствена Клеопатра. Замисливме обемна, грандиозна постановка, разнобојно шоу, кое со нештата ги надминува рамките на обичниот класичен балет, достојно на прекрасната царица, на која е посветен.
Денес, вие имате можност да го видите балетот кој сѐ уште не е поставен во ниеден театар во светот и да се насладувате со мајсторството и талентот на Александра Мијалкова.
Јас им благодарам на сите со коишто за време на многуте месеци го создававме овој спектакл и ви посакувам вам, на нашите посетители, да поминете незаборавна вечер, со нурнување во времето на Римската империја и да се восхитувате на танцовите и чудесата на античкиот Египет.

Со љубов и почитување,
кореограф Василиј Медведев

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени