| 09.11.2017. ПО ДОМА

Научниците идентификуваа специфичен период во кој жените, кои што се во долгорочни врски, најверојатно ќе ги изневерат своите партнери. Тие откриле дека жените се повеќе склони да извршат прељуба помеѓу шест и десет години откако се со некого.

Арно ама и мажите не се покусо, иако во просек покасно им текнува од жените, па кога станува збор за машките неверства, студијата покажа дека периодот е помалку специфичен, односно мажите најверојатно ќе ја изневерат својата партнерка по 11 години.

Истражувачите спроведоа две одделни студии во кои беа опфатени 423 учесници и од секој од нив беше побарано да го пополни прашалникот рзан со сфаќањето на важноста за отпорот на искушенијата кон неверството. Попат, исто така, беа замолени да ја искажат веројатноста кога ќе го измамат својот партнер со оглед на можноста.

 
 

Студијата, која беше објавена во The Journal of Sex Research, заклучи дека повеќе фактори ги навеле луѓето да се воздржат од прељуба, но почесто тие се однесуваат на желбата да се задржат моралните стандарди и стравот да се биде сам.

Нивните откритија во врска со женското неверство докажуваат некои идеи кои се засновани на една теорија за среќни 7 години, злогласен психолошки термин кој сугерира дека односите во врските почнуваат да се деградираат по седум години. Тоа е тренд за кој историски се сметаше дека е поддржан со статистиката за развод, што покажува дека многу парови се одвојуваат околу овој временски период.

Сепак, според последните објавени бројки во Британија, просечното времетраење на браковите кои завршуваат со развод варираат помеѓу 8,9 и 12,2 години.

 
 

(963)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
16.11.2017. The Chef
17.11.2017. Ливадџија
15.11.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени