| 16.01.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Вкусот на пицата и макароните потопени во сочен сос од различни кашкавали – комбинирате различни вкусови, но она што го добивате се вашите омилени вкусови на едно место.

Доматен сос, кулен, топен кашкавал и многу јаглехидрати од макарони, веројатно ќе се согласите дека звучи одлично.

Па како можете да го направите овој рецепт?

 
 

Потребни состојки:
– 2 лажици масло (сончогледово или маслиново по желба)
– 1 мал сечкан кромид
– 2 лажици брашно
– 2 шолји млеко
– 2 шолји рендан кашкавал
– 1 лажица сушено оригано
– 150g кулен
– 500ml доматен сос
– 1 пакување макарони

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во еден сад ставете ги макароните да се варат во зовриена вода.

  
 

Во сад загрејте го маслото, додадете го сечканиот кромид и мешајте додека не се запржи кромидот (отприлика 5 до 7 минути). Додадете го брашното, промешајте додека не добиете компактна смеса и потоа полека додавајте го млекото.

Мешајте постојано, додека не исчезнат грутките од брашното. Додадете 1 ½ шолја кашкавал, оригано и кулен. Мешајте додека кашкавалот не се растопи целосно. Додадете го доматниот сос и претходно сварените макарони.

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-1.jpg

 
loading...
 

 

Префрлете ги макароните со сосот во една поголема тава или четири помали керамички чинии.

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-2.jpg

 

На секоја од нив додадете го преостанатиот кашкавал и ставете ги да се печат во рерна додека кашкавалот не се растопи и не добие златно жолта боја.

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-3.jpg

 

Послужете додека е топло.

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-4.jpg

 

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-5.jpg

 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени