| 12.11.2017. ПО ДОМА

Солта најчесто ја внесуваме во организмот свесно, дополнително посолувајќи ја супата која се чини бљуткава или додека јадеме солен чипс гледајќи телевизија. Сепак, не сте ни свесни дека дозата што сте ја консумирале во текот на денот е далеку поголема од она што го мислите.

Солта се крие во сето она што ќе ви се сервира во чинијата и тогаш кога мислите дека ја нема. Дали знаевте дека солта содржи дури 40 проценти натриум? Земајќи го ова предвид, не е тешко да се претпостави дека дозволената граница на нејзината употреба е само една кафена лажичка дневно.

“Општо правило е дека секоја преработена храна содржи голема концентрација на сол. Ако станува збор за конзервирана или замрзната, уште полошо”, вели Менди Енрајт, нутриционист и фитнес тренер од Њу Џерси.

 
 

Како да знаете дека претерувате? Овие симптоми несомнено укажуваат на предозирање со натриум. Ако тие се појавуваат секојдневно, време е сериозно да си се посветите на промени во вашата исхрана.

Постојано сте жедни

Натриумот игра главна улога во одржувањето на балансот на течности во телото. “Потребна ни е сол за да се балансира количината на вода во телото”, вели Енрајт. Кога сте жедни, организмот ви кажува дека вашето тело има премногу натриум и дека треба да внесете одередена количина во вода за да избалансирате.

“Надувани сте“

Солените оброци често ве дујат. “Кога во вашето тело внесувате премногу натриум, често чувствувате надуеност. Водата ги напушта клетките и предизвикува оток”, вели Енрајт. Исто така, ќе забележите отекување на прстите или нозете по особено солени оброци. За тоа може да се обвини нерамнотежата на метаболичките течности што е предизвикана од премногу натриум.

  
 

Имате главоболки

Дали добивате главоболки навидум без причина? Размислете за она што последен пат сте го изеле. “Премногу сол може да предизвика ширење на крвните садови во мозокот и затоа се создаваат непријатни главоболки”, вели Енрајт.

Вие не чувствувате вкус

На врвот на диеталните ризици се наоѓа консуманцијата на премногу сол. Може да го уништи чувството за вкус. Колку повеќе сол јадете, толку повеќе сол ви е потребно за да го почувствувате истиот вкус. “Многу луѓе не сфаќаат колку сол јадат, па затоа како резултат на тоа чувствуваат недостаток на вкус, бидејќи нивните рецептори се послаби поради постојаната изложеност на сол”, објаснува таа.

(257)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени