| 16.12.2017. ПО СВЕТОТ

Единствената напредна економија која на работниците не им гарантира каков било вид на платено отсуство се Соединетите Американски Држави. Според податоците на Светска банка, таков е уште само случајот на Кирибати, Маршалските Острови, Палау и Либерија.

Во светот, најмногу платен одмор имаат државјаните на Кувајт – дури 30. Покрај тоа, имаат и право на платено отсуство за 13 државни празници.

Во Европа, според вкупниот број денови платен годишен одмор, предводат Естонија и Велика Британија – 28 денови, потоа Австрија, Данска, Финска, Франција, Луксембург, Норвешка и Шведска, со по 25 денови платен годишен одмор.

 
 

Тоа се само статистичките бројки на минимален број денови, кој е пропишан со закон. Во пракса ситуацијата, често е значително подобра, посебно ако во пресметката се вклучат и бројот државни празници.

За Естонците 39 денови

Во Велика Британија, работниците имаат право на платено отсуство во вкупно траење од 28 работни денови. Тука обично се вклучени и државните празници, кои инаку би биле неплатени.

  
 

Сепак, голем број работодавачи нудат 25 работни денови платено отсуство, но покрај тоа и платено отсуство за осум државни празници.

Во Естонија, покрај 28 дена годишен одмор, работниците имаат право и на 11 дена отсуство за државни празници, што е вкупно 39 дена платено отсуство во годината.

Во Данска, не постои законско право на исплата на државни празници.

 
loading...
 

Во Норвешка, саботите се бројат во работни денови, а работниците имаат законско право на два платени државни празника.

Во Шведска е вообичаена пракса работниците да бидат платени за работа на државен празник, иако тоа не е пропишано со закон.

Некои Французи се 9,5 недели на годишен

Работниците во Финска имаат право на минимално 25 дена платен годишен одмор, а покрај тоа и 11 државни празници. Работниците, исто така, добиваат надомест за работа, така наречена ломараха, во износ од половина месечна плата.

Во Франција, работната недела трае 35 часа, а работниците имаат 25 дена платен годишен одмор, како и 11 платени државни празници.  Покрај тоа, работниците кои сакаат да работат подолго, во некои случаи се наградуваат со дополнителни слободни часови или денови, но главно во парична компензација. Работниците кои својот годишен одмор нема да го искористат во текот на летните месеци, исто така, се наградени со дополнителни слободни денови. Така, во некои јавни служби или компании, како што се Телеком Оранж, се случува работник да има платено отсуство од дури девет ипол недели.

Работниците во Турција имаат минимално 14 дена платен годишен одмор, со тоа што саботите им се бројат како работни денови. Вработените со повеќе работно искуство (шест до 15 години) добиваат 20, а за работен стаж подолг од 15 години имаат 26 работни денови. Работниците имаат право на платени државни и верски празници, со вкупно траење од 14,5 денови.

Најмногу државни празници во Македонија

Поради два ентитета и дистриктот Брчко, во Босна и Херцеговина варира бројот на денови на државни и верски празници.

Законот за труд наведува дека за секоја календарска година има право на платен годишен одмор во траење од најмалку 20 работни денови. Законот е усогласен со европските повелби, кои на работниците им обезбедуваат најмалку четири недели платен годишен одмор, со тоа што деновите годишен одмор се изразени во работни денови (20) поради попрактична примена.

И во останатите држави од потесниот регион, работниците имаат законски загарантирани минимум 20 денови годишен одмор.

Според бројот на државни празници, отскокнуваат Македонците, кои ги имаат дури 16. Бројот неработни денови варира во зависност од тоа на кој ден паѓа празникот, дали е во прашање викенд или работен ден. Исто така, се претпоставува дека еден празник не се слави баш во секој дел од земјата.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени