| 30.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Ако се остварат статистичките прогнози, до 2050-тата година, во Македонија ќе живеат 4,4 проценти помалку луѓе отколку денес. Според бројките, тоа се околу 88.000 луѓе, или цел еден град.

Овие информации доаѓаат од американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА, која била еден од изворите на чија основа се дошло до оваа проекција.

Доколку се погледне регионот, Македонија е помалку загрозена од останатите држави. На пример, Грција ќе остане без 10 проценти од својата популација, Србија ќе изгуби 33,2 проценти од населението, Бугарија 21,9 проценти, Хрватска 7,7, Црна Гора 7,9 и Босна 8,2 проценти од населението.

 
 

 

View image on Twitter

Иако претпоставката е дека за “исчезнувањето” на популацијата најголеми фактори се тие што повеќе луѓе ќе умираат отколку што ќе се раѓаат, иселувањето и староста, тој тренд не е карактеристичен само за централна и источна Европа, бидејќи според податоците “погодени” ќе бидат и некои од најразвиените земји. На пример, Германија ќе остане без 12, проценти од своето население до 2050-тата година. Истиот случај, само во помали проценти, се однесува и на Финска, Данска, Португалија, Чешка, Полска, Словенија…

Единственото место на Балканот каде во наредните 30 години ќе се случи сосема спротивното – ќе се зголеми популацијата – е Косово. Според податоците, во Косово во 2050-тата година ќе живеат дури 17 проценти повеќе луѓе отколку денес.

  
 

“Рекордер” по зголемен број на жители ќе биде Луксембург, каде, според податоците, до 2050-тата година ќе има 48,3 проценти повеќе жители отколку денес.

Во Топ 5 земји чија популација ќе се зголемува се Ирска, Исланд, Шведска и Норвешка.

Бројот на жители, според прогнозите, ќе расте и во Шпанија, Швајцарија, Белгија, Британија, Франција, Австрија, Италија.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени