| 13.02.2018. ТАБЛА

Милениум Травел е австралиска компанија со седиште во Сиднеј, Австралија и филијала во Битола, Македонија.

Милениум Травел Битола има потреба од високо организиран консултант за работа со апликации за визи, кој е подготвен да работи во мотивирачко и позитивно работно опкружување. Оваа позиција бара ефективна тимска работа, влезна и излезна обработка на информации, одржување и развој на база на податоци, подготовка на документи во согласност со утврдените стандарди, консултации со потенцијалните студенти за можностите што ги нуди австралискиот образовен систем, како и со потенцијалните високо квалификувани специјалисти кои бараат работа и/или имиграција во Австралија.

Должности и одговорности:

 
 

–    Одговарање на телефонски повици и e-mail, како и други секретарски одговорности, реализирање на состаноци во или надвор од канцеларија во консултации со потенцијалните клиенти;
–    Воведување, одржување и развој на база на податоци и документирање во базата на компанијата, работа со доверливи документи и информации, организирање на досијеа;
–    Подготвување на писма за запишување студенти на колеџи/универзитети во Австралија, примање и обработка на писма – понуди на колеџ, како и запишување на студенти, целосна координација на темата со колеги од Австралија;
–    Целосна поврзаност и кохерентност на активностите со колеги од Австралија;
–    Пополнување на апликација за виза за имиграциски агенти;
–    Поддршка и развој на социјални блогови, реклами во веб портал, вести, фотографии, профили на компанијата на социјални мрежи;
–    Маркетинг и продажба.

За добро да работите со своите задачи, треба да имате работно искуство во канцелариска работа или во корпоративна работна средина.

–    Работно искуство во образование или консултациска агенција е предност;
–    Високо образование е предност (бизнис администрација, човечки ресурси, маркетинг);
–    Совршен англиски;
–    Компјутерска писменост, Outlook, Microsoft Word, Power Point, Excel, итн.;
–    Совршен правопис, уредување на извештаи и документи со големо внимание на детали;
–    Компетентност во јавен говор и презентација.

  
 

За да аплицирате за позицијата, испратете биографија (CV) со слика до Кире Филиповски на e-mail [email protected] најдоцна до 20/02/2018

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени