| 08.05.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Компирот можете да го подготвувате на безброј начини, да го комбинирате со различни состојки и секогаш да имате вкусен ручек. Можете само да го пресечете на пола, да додадете зачини и да го испечете или да го сварите и да направите со него вкусно пире кое ќе биде совршен прилог за ручекот со месо.

Но, ако сакате вкусни, меки и кремасти компири, тогаш овој рецепт за печени компири со крем супа и суво месо е вистинскиот избор за вас.

Состојки:
– 700 g компири
– 50 g маргарин или 2-3 лажици масло
– 100 до 150 g сувомеснато по желба
– 1 кромид
– 1 кесичка супа од печурки
– 8 dcl вода
– 2 dcl млеко
– сол

 
 

Начин на подготовка:
Измијте ги компирите и исечете ги на парчиња. Премачкајте го плехот во кој ќе ги печете, наредете ги компирите и ставете неколку парченца маргарин или малку масло врз нив.

Ставете го плехот во рерна и печете околу половина час на 200 °C додека не омекне, повремено мешајќи.

Додека компирите се печат, подгответе ја супата според упатството на кесичката.

  
 

Исечкајте ги кромидот и сувото месо посебно. Штом компирите омекнат, додадете го кромидот и половина од сувото месо.

Прелијте ги компирите со готовата супа и додадете го преостанатото месо.

Вратете ги во рерна и печете додека компирот сосема не омекне.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени