| 15.04.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Churro крофни се познат шпански рецепт кој е навистина едноставен и лесен за подготовка. Овојпат тајната состојка е чоколадото кое се наоѓа во средината и кое ќе истече штом го гризнете првото залче.

Ако сте љубители на благото, ова е рецепт кој дефинитивно треба да го испробате…

Состојки
– ¼ чаша путер, на коцки
– 2 супени лажици кафеав шеќер
– ½ лажичка сол
– 1 чаша вода
– 1 чаша брашно
– 1 лажичка ванила
– 3-4 јајца
– 170 g чоколадо
– Масло за пржење
– Шеќер со цимет

 
 

Начин на подготовка:
Во тенџере на средна температура ставете го путерот, кафеавиот шеќер, солта и водата и оставете смесата да зоврие. Штом почне да врие, намалете ја малку температурата и додадете го брашното.

Мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутчиња. Потоа тргнете го од оган и оставете да се излади најмалку 5 минути. Додадете го екстрактот од ванила и јајцата, но едно по едно, со постојано мешање.

Ставете ја смесата во готварски шприц и обликувајте ги крофните. Врз секоја крофна наредете парчиња чоколадо и ставете уште еден слој од смесата. Вака подготвените крофни ставете ги во фрижидер, најмалку 3 часа или преку ноќ.

  
 

Следниот ден испржете ги во врело масло додека не добијат златно кафеава боја. На крај, извалкајте ги во шеќер и цимет.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени