| 21.12.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Крокетите можеби не се најздравиот оброк кој можете да го подготвите, но секако се еден од највкусните.

Нема некој кој не ги сака крокетите, посебно ако истите се во комбинација со некој вкусен сос.

Токму затоа, ние ви нудиме лесен рецепт за крокети од компир кои во комбинација со сосот од копар, лук и павлака ќе бидат вистински погодок за вкусен оброк.

 
 

Потребни состојки:

За крокетите:
– 450g компири
– 55g путер
– 85g кашкавал
– 50g свеж копар
– 1 лажичка лук во прав
– 1 лажичка Табаско сос
– 2 јајца
– лебни трошки

За сосот:
– 3 лажици кисела павлака
– копар
– 1 чешне лук
– сол

  
 

Подготовка:
1. Сварете ги компирите во вода со која сте додале сол. На сварените компири додадете им го путерот и измешајте за да добиете хомогена смеса.
2. Копарот, ситно исечкан, додадете го во смесата заедно со лукот во прав и табаско сосот и убаво измешајте.
3. Од добиената смеса направете топчиња во средината на кои ќе ставите рендан кашкавал.
4. Секое топче прво извалкајте го во изматените јајца а потоа и во лебни трошки и ставете го на врело масло за да се испржи.
5. Пржете кратко, односно додека топчињата не добијат златно-жолта боја.
6. За сосот, исечкајте го ситно преостанатиот копар и додадете го во павлаката заедно со ситно исчеканиот лук и малку сол.

Крв да ви се стори!

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени