| 03.11.2017. ПО ДОМА

Во животот секое мало слатко задоволство треба да си подготвен да го платиш и со нешто повеќе од парите можеби. Имено, компанијата Haribo во моментов е под тежок јавен пртисок од критики откако излезе документарецот во кој се открива во какви сурови услови работниците ги произведуваат едни од омилените џвачки не само на децата, туку и возрасните. Освен робовските работни услови, Haribo не изоставил и страшно мачење на животни само за да светот ужива во шарените гумени мечиња.

Јавната телевизија АРД ги откри ужасните услови во кои има животни како патат, и луѓе кои ги прават овие гумени бонбони да стигнат на полиците низ сите маркети во овој свет. Документарката под име “Brand check“ го истражуваше производството на овој гигант.

Повеќе од нехумани работни услови

Првото обвинување е бидејќи една од главните состојки на овие гумени бонбони е карнауба восокот, кој се наоѓа во лисјата на палмите. Беше откриено дека работниците што ги собираат лисјата во северен Бразил живеат во услови што може да се опишат само како ропство, пишува DW.

 
 

Работниците, од кои многумина се малолетни, спијат на отворено или во камиони, пристап до вода и санитарни јазли немаат, а за напорната работа ги плаќаат по 12 долари на ден.

Условите за работа се толку бедни што бразилската полиција редовно прави рации за да ги ослободи работниците. “Луѓето се третираат како објекти, полоши се од односите спрема животните”, вели бразилскиот министер за труд.

  
 

Суровост кон животните

Покрај условите за работа, документарниот филм ги открива и шокантните факти поврзани со животните. Желатинот од кои се направени гумените бонбони во Haribo се добива од животински кожа и коски, иако постои и вегетаријанска алтернатива. Но, факт е дека Харибо мачел и убивал свињи за време на процесот. Документарниот филм покажува животни покриени со измет, со отворени рани. Некои од животните се дехидрирани и едвај преживуваат.

Ветеринарите интервјуирани од креаторите на документарниот филм рекоа дека тоа е очигледно кршење на германскиот закон за правата на животните.

Харибо засега вели дека се многу загрижени за тоа што се снимило и дека ќе започнат внатрешна истрага.

 
loading...
 

Во меѓувреме, гумено мече да не сака некој?

(340)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени