| 12.01.2018. ПО СВЕТОТ

Тринидад пурите беа дел од имиџот на Кастро и долго време кубанската влада ги користеше како подарок за странски лидери.

Кутија со пури од личната колекција на Фидел Кастро, е продадена за речиси 22.000 евра на аукција во Бостон.

Во кутијата од дрво имало 24 рачно направени пури, а на неа стоел и потпис на покојниот лидер на Куба со сино мастило. Кутијата, во 2002 година Кастро ѝ ја дал на Ева Халер, филантроп. Кутијата била продадена заедно со фотографија од Фидел.

 
 

– Кастро ми ја даде кутијата кога јас на шега ја побарав од него, додека другите палеа пури. Му реков дека ако ми ја даде и ја потпише, ќе ја продадам и ќе заработам многу пари. Тоа му беше интересно – раскажала Ева.

Тринидад пурите беа дел од имиџот на Кастро и долго време кубанската влада ги користеше како подарок за странски лидери.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени