| 03.04.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Ако немате тестенини за вистински лазањи, а сакате да подготвите брз ручек во 4 чекори, следете го ова упатство за брзи лазањи од палачинки.

1 чекор: Изматете 1 јајце со брашно, масло, сол и млеко. Смесата треба да биде густа како за тесто за палачинки. Испечете ги палачинките во тепсија. Најдобро е да бидат двојно подебели од просечната палачинка.

2 чекор: За филот испржете малку кромид, додека не зарумени. Додајте мелено месо и зачинете по вкус. Пржете 15 минути и на крај додадете доматно пире. Кога ќе ја тргнете смесата од шпоретот, додадете малку сирење или кашкавал.

 
 

3 чекор: За бешамел сос ставете малку путер во еден сад, стопете го, додадете 2-3 лажици брашно и пропржете. Додавајте млеко со постојано мешање и варете додека не добиете смеса густа како пире. Тргнете од оган. По желба, додадете вегета.

4 чекор: Во подмачкана тепсија ставете една палачинка, па фил и прелијте со бешамел. Редете додека не го потрошите целиот материјал. Завршете со кора и бешамел сос без фил. Печете на 250 степени околу 20 минути, а потоа намалете на 200 степени и печете околу половина час.

*Количините од овој рецепт прилагодете ги на вашите потреби. Не ви се потребни точни мерки за успешен краен резултат.

  
 

brz-rucek-lazanji-od-palacinki-02.jpg

Лазањите послужете ги топли, со рендан кашкавал одозгора.

На здравје!

 
loading...
 

brz-rucek-lazanji-od-palacinki-03.jpg

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef
01.04.2018. The Chef
02.04.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени