| 06.04.2018. ПО СВЕТОТ

Нема кој не сака да ги види поларните светлини барем еднаш во животот, но ова што го нудат во Исланд е друго ниво на доживување. Доколку сакате да искусите такво нешто (а сигурна сум дека сакате) веднаш резервирате престој во Panorama Glass Lodge.

Лоцирана во оддалечена област која се наоѓа на 30 минути од градот Рејкјавик, оваа магична куќарка има неверојатен поглед на исландскиот пејзаж благодарение на големите стаклени прозорци кои го опкружуваат креветот.

Изградена за двајца, овде ќе се растопите од убавини додека гледате во ѕвездите над вас и ноќното небо околу вас. Бидејќи собата за спиење е цела стаклена, на посетителите им се гарантира непречен поглед на исландската природата ноќ и ден.

 
 

Panorama Glass Lodge се наоѓа на бреговите на морето, а со само пет други куќи на крајбрежјето – секоја од нив на пристојна далечина од куќарката – ова место е совршен престој за оние кои сакаат да се исклучат од светот и да се опуштат во целосна приватност.

Џакузито што се наоѓа веднаш до куќарката ќе ве топли додека гледате во полното ноќно небо и е одлична опција за авантуристички двојки. Најдобро време да ги видите поларните светлини е помеѓу крајот на август и крајот на април. Но, шареното небо не е единственото нешто што овде можете да го очекувате, исто така има можност да забележите кит во фјордот или фоки како се сончаат на плажата.

Цените почнуваат од 342 евра (околу 420 долари) за една ноќ, но препорачливо е порано да резервирате, бидејќи оваа стаклена оаза ретко е празна.

  
 

Овде доаѓаш и остануваш засекогаш. Толку.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени