| 29.12.2017. ПО СВЕТОТ

Британската страница за клиничко споредување „Клиник Компер“ го објавила своето рангирање на најнездравите земји на светот. Користејќи ги податоците на Светската здравствена организација, Светската книга на факти и Светската асоцијација за бели дробови, компанијата анализирала 179 земји, а се осврнала на консумацијата на алкохол и пушењето цигари по лице, на годишно ниво.

Секоја земја добила просечен резултат за да се види која води најнездрав начин на живот. Источна Европа е присутна на листата. Ова е редоследот од најдобри до најлоши:

20. Украина

 
 

Според консумација на алкохол, оваа земја е осма, со 12,8 литри алкохол по жител, на годишно ниво. Според комбинацијата на факторите, Украина е на 20. место.

19. Велика Британија

Земјата е рангирана на ова место иако според консумацијата на алкохол е 9. во светот.

  
 

18. Романија

Просечно, секој жител пуши по 1619 цигари годишно.

17. Грција

 
loading...
 

Според комбинацијата на сите фактори, Грција е на 17. место.

16. Австралија

Секој жител на земјата пие по 11,2 литри алкохол годишно во просек.

15. Либан

На трето место според пушење цигари. Секој жител пуши дури 3.023 цигари годишно. Според комбинацијата на другите фактори, Либан е 15..

14. Канада

Зачудувачки, но Канада е на 14. место.

13. Белгија

Според пушењето и алкохолот, Белгија е на 7. место, но во комбинација на факторите се наоѓа на 13.

12. Естонија

Просечна консумација на алкохол е 12,8 литри по лице.

11. Бугарија

Според консумацијата на алкохол, би била на 6. место.

10. Литванија и САД

Ова место го делат двете земји. Литванците пијат најмногу од сите, со просек од 18,2 литри алкохол на жител годишно. Америка е во слична состојба.

9. Луксембург

Според комбинацијата на фактори, земјата е на 9. место.

8. Полска

Просечно, секој жител пуши 1369 цигари годишно и пие 12,3 литри алкохол.

7. Хрватска

Просекот е 13,6 литри алкохол на жител, годишно.

6. Унгарија

Секој жител пуши по 1774 цигари годишно, во просек.

5. Словачка

На 9. место според консумацијата на алкохол, но според комбинацијата на сите фактори, на 5.

4. Белорусија

Оваа земја според консумација на алкохол е втора, исто така и според пушењето цигари.

3. Словенија

Просекот е 2637 цигари на жител, годишно.

2. Русија

Просекот е 13,7 литри алкохол на жител, годишно, 2690 цигари на жител годишно.

1. Чешка

Оваа земја е најнездравата на светот, 5. според консумацијата на алкохол и 11. според пушењето цигари. Во комбинација на факторите, го зазема првото место.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени