| 12.10.2017. ПО ДОМА

Луд ли е Зоран Заев па ги забрани државните возила за употреба во изборна капања? Се прашуваат многумина од ДПМНЕ кои ваквиот чин го гледедаат како лудост.

Луд ли е Зоран Заев што МТВ и останатите медиуми ги остави слободно да делуваат без притоа да прават црна кампања на штета на ДПМНЕ?

Вакви и ред други слични прашања си поставуваат луѓе од сите политички партии.

 
 

Да ја имаш моќта да забраниш одредени работи, да ја имаш моќта да употребиш низа државни ресурси од возила до нафта до употреба на јавни објекти до злоупотреба на наставници и професори а сепак да не го направиш тоа за многумина е лудост. Вероватно на тоа  не можат а и уште долго не ќе можат да се изначудат многумина од врхушката на ДПМНЕ.

Се чини дека премногу навикнавме на ненормалното па нормалното почнавме да го гледаме како лудост.

….  Го отварам дома фрижидерот и оп од него не ми се појавува Груевски, го отварам ормарот и исто така ни од него не ми се појавува Груевски но не ми се појавува ниту Заев.

  
 

Излегувам на улица и не ги гледам полицајците растрчани по куќи во потрага по гласови а богами ја нема и шумската полиција на казнетите (за кражба на дрва) да им се заканува дека ќе ги затвори ако не гласаат.. Си велам ова сега беа локлни избори или мене така ми се чини.?

Пуштам телевизија а таму велат локални се но и од таму со менување на секој канал не ми се појавуват ниту Груевски ниту Заев освен во платена политчка програма.. И секако освен на Алфа и ТВ НОВА каде што на секои десетина минути се појавува Груевски, иако сеуште со кампања базирана на лага – сепак поприфатлива и не толку агресивна. За разлика од црната кампања декември 16 –та оваа е целосно ослободување.

Кампања било.. Во мојот фрижидер стои по некој продукт но на секое отварање врата не се појавува Груевски но фала  богу не се појавува ниту Заев..

 
loading...
 

Значи можело и вака можело да биде нормално, демократски и релаксирано!

На шаховската таблата се води ФЕР ПЛЕЈ игра на која само до пред некој ден фигурите и на црнииот и на белиот крал беа скоро идентични со по некој пиун минус на црното шаховско поле.. Се чини на црниот први му откажаа послушност пиуните. Од ден на ден како се стеснува времето до 15-ти октомври, пардон 13-ти (кога треба да се означи крајот на играта) се поваќе народ има привилегија да ја чуе вистината.

Во заробената Македонија вистината беше забранета а на оние малкумина кои се осмелуваа да ја зборуват- фрлена анатема. Граѓаните кои од различни причини (најчесто сиромаштија) беа ограничени со ТВ канали и кои немаа ниту кабловска ниту МАХ-ТВ беа подложени на дискриминација. Едноставно ја немаа таа привилегија (колку- толку) да имаат еднаков пристап до информации.

Токму тие граѓани беа под страшна пресија и жртви на манипулација до таков степен кој предизвикуваше одреден ’’реален’’ страв за иднината од типот на;

– Aко победи Заев ќе немаат пензии, дека ќе учеле албански, дека ќе им бидат укинати земјоделските субвенции, до коска уплашени дека некој ќе им ја продава Македонија! И последната лага на последните мохиканци, бегалци ќе ја населувале Македонија.. Арно ама и тоа не им поминаа! Колку поваќе црна кампања толку поваќе сами западнаа во живата песок која се заканува да ги проголта со се лагата и опинците на истата.

Велат вистината е како вода дури и кога е сокриена и под најцврстата карпа полека полека избива на површина. Наспроти сета кажана лага и сокриена вистина, водата полека полека понира па се губи и извира.. Малку по малку, капка по капка од таму или онаму извира па од мало поточе на рекичка заличува за да се претвори во огромна река – народ како што досега не се видело во Скопје како ноќта  на 08 октомври пред владата на Република Македонија.

Играта е пред финиш! На црниот крал секој ден му снемува по некоја фигура на шаховската табла.. Исплашена од вистината, лагата има се помалку и помалку простор за манипулација. Капки пот и нервоза на црните полиња со секој изгубен топ, ловец и најмногу изгубени, пиуни..

Се можете да сокриете но не можете да сокриете народ, не можете порив за слобода посилно е од сите ПИ – АРИ на светот. Не можете да сокриете ниту вистина таа блеска како полна месечина. Ниту пак позитивна енергија која блика од сите страни!

На повидок е победа во поглолемите градови и најголем број општини, победа со која белиот крал и официјално ќе ја добие играта во корист на граѓаните кои сакаат ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА, не надвор од неа не по туѓи бели дворови туку дома блиску до своите најмили!

Предвидувам победа во Скопје, Велес, Биотла, Ресен, Куманово, Валандово, Штип, Берово, Пехчево, Свети Николе, Радовиш, Крива Паланка, Струмица и уште многу други општини за кои имам делумни сознанија за победа..

Предвидувам огромно водство по број на општини во корист на белиот крал на таблата.. За неколку часа играта завршува на црниот крал изгледа му останала само кралицата.. И  ШАХ МАТ – во корист на вистината во корист на Македонија!

(645)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Македонка Коцева
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени