| 27.11.2017. ПО ДОМА

А ако сте пушач и имате лош шеф, тогаш уште полошо за вас…

Шансите се дека сите ние – без исклучок – ќе имаме ужасен шеф во нашиот работен век, а лошиот шеф во канцеларијата може да има катастрофално влијание врз вашето здравје.

Всушност, според една сторија која прво беше објавена на LinkedIn, а потоа и на Quartz, долгорочните ефекти од тоа некој шупак да ви биде шеф би можеле да бидат толку лоши за вашето здравје исто како да пушите цигари. Замисли си го тоа.

 
 

Секако, исто како и пушењето, колку подолго ќе останете на работа каде ќе работите за лош менаџер, толку е поголем данокот што го плаќате со вашето физичко и ментално здравје.

Значи, ако страдате од лошо шефување, треба најверојатно да ја напуштите таа работа и да најдете нова работа. Но, најверојатно нема да го сторите тоа.

  
 

Всушност, според Американската психолошка асоцијација, 75 отсто од американските работници го посочуваат својот шеф како најголема причина за стрес на работа, но мнозинството (59 отсто) од работниците не си одат.

Наместо тоа, тие подголтнуваат се што ќе им се сервира и само ги спуштаат своите глави, дури и кога се третираат лошо. Тоа е затоа што дури и ако го мразат лицето кое им е претпоставен, повеќето луѓе се чувствуваат удобно на своите работни места и тешко им е да заминат. Што е разбирливо со мементалната ситуација за работниот пазар секаде во светот…

 
loading...
 

Податоците на повеќе од 200 студии составени од истражувачи на Harvard Business School и Универзитетот Стенфорд покажаа дека општите работни стресови може да имаат исти негативни здравствени ефекти врз вработените како изложеност на значителни количини на чад од цигари.

Се разбира, пазарот за работни места сега е жесток, па затоа не ви препорачуваме да одите до канцеларијата на вашиот шеф, да им кажете да одјебат и да излезете од канцеларијата како да ви паднала планина од плеќи. Особено не да го сторите тоа пред Нова Година и Божиќ. (Ама ако ептен ви дошло до вашето здравје и го направите тоа, не заборавајте да го снимате целиот настан и да ни го испратите за да го прославиме заедно!).

Ете како стојат работите и веројатно е мудро да дадете отказ ако вашиот шупак од шеф е прав социопат. Тие се оние кои се премногу агресивни, нарцисоидни, па дури и насилни, според Би-Би-Си. И ако знаете дека имате еден од тие што ви стои над глава, можеби е подобро да си одите од таа работа.

Впрочем, животот е краток и треба да биде забавен. Зошто да поминувате осум часа на ден, пет дена во неделата мизерно? И ако си кажувате себеси, тоа е заради парите, размислете повторно, затоа што утре може да ве удри автобус. Колку ќе биде тогаш добро, м?

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени