| 14.04.2018. ПО СВЕТОТ

Русинка од градот Чељабинск тврди дека огласот и бил подметнат поради одмазда и за тоа ја обвинила својата поранешна цимерка со која се скарала поради преуредувањето на станот.

40-годишната Људмила Садријева од Чељабинск во Русија е под полициска истрага поради сомнение дека планирала да го продаде своето дете преку интернет, на трговците со органи на црниот пазар.

Русинката го нудела малото дете за 2.400 американски долари, пишува “The Sun”. Во огласот покрај фотографијата на која го држи синчето во раце, пишувало: “Го продавам детето за органи”, со напомена дека “детето е здраво”.

 
 

Лажливка или жртва на одмазда

Кога се дознало за овој несфатливо страшен оглас и кога полицијата и тропнала на врата, мајката дала неуверливо објаснување. Тврди, имено, дека огласот и бил подметнат од одмазда и за тоа ја обвинила својата поранешна цимерка, со која се скарала поради преуредување на станот. Вели дека нејзината фотографија со детето била земена од социјалните мрежи, и дека огласот бил објавен поради одмазда. Поради огласот, вели, добивала закани.

“Беше страшно, уште се плашам. Луѓето ме препознаваат на улица. Кружи фотографија на која сме јас и моето дете. Ми се закануваа, во главно мажи, велејќи: “Ќе те најдеме и ќе те погребаме, животно едно!””, рекла Садријева, додавајќи дека поради тоа морала да го отпише своето дете од градинка.

  
 

Полицијата спроведува истрага за да утврди дали е лажен огласот, или тврдењата на мајката.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени