| 25.10.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Ако сте љубители на традиционалната македонска кујна еве едно прекрасно макало со суви пиперки, праз и доматен сос. Се прави брзо и лесно, може да го служите на празничните трпези, а и од мерак секогаш кога ќе ви се пријаде.

Состојки
– 10 суви пиперки
– 1 струк праз
– 300 мл доматен сос
– 1,5 лажичка сол
– 50 мл масло

Пиперките се варат околу 10-15 мин. Пожелно е на средина да се направи мал отвор/ дупка, за да полесно се свари и навлезе вода во внатрешноста. Ставете 3 лути и 7 благи ако сакате пикантно макало.

 
 

Сварените пиперки се блендираат со рачен блендер.

Празот се сецка на ситно и се додава во пиперките.

Се додава и доматната салца (сос). Се посолува, по вкус.

  
 

Маслото се загрева и се попарува одозгора, убаво да жубори кога ќе се прелее одозгора. Сето тоа убаво се меша, за да впие маслото во смесата.

Ова макало слободно може да се користи и по хроно, за ручек, во комбинација со месо. Наместо сончогледово масло користете маслиново и наместо обична сол, хималајска. Ако немате домашен доматен сос, слободно употребете купечки, кој ви е по ваш мерак и вкус.

(261)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени