loading...
loading…
18.09.2017.Ненад Јованович
01.09.2017.Ливада.мк


| 15.08.2017. ОШТРЕЊЕ

Овој наш македонски механизам за производство на социјални дискурси се одметна: лапа до вчера угледни луѓе и признаени вредности, голта златни традиции како да се обични трици, не ни џвака и – блуе. Блуе зелено, како во филмовите за егзорцистите. Здивена семиотичка машина што ја викаме јавно мислење. Произведува неконтролирани, метастазирани, набабрени дискурси, кои пупат како чиреви, пукаат и од нив се излева гнојот на неразумното. Потоа политичките и медиумските муви, и оние што се имаат самоовластено да пренесуваат јавно мислење (секоја мува има уставно загарантирано ФБ-право да пренесува инфекции на летниве горештини), тој политикантски гној го расејуваат низ сите пори на општеството. Тешко се живее во таква зовриена, загадена ментална средина. Во тој огромен налудничав дискурс што излегува од таа машина, а стилски ги има сите одлики на дискурс на невротичар, еден збор е постојано во фуснота, сосема ситно испишан: македонистика. За него нема место во џиновскиот текст на здивената семиотичка машина, текст што ветува светла иднина.

Но, за среќа, во тој џиновски политневротичен текст, има и мирни оази-дискурси, засновани врз ментално здравото и рационалното. Минатата седмица прочитав дури три такви написи – сите три посветени на македонскиот јазик, односно македонистиката. И се сетив дека со години пишувам (а никој не реагира) – дека наскоро македонистиката ќе ја снема и во Македонија. Знам дека секогаш давам примери што се претерани и кои немаат многу врска со реалноста за која барам пример, но тоа има и свои предности – хиперболизираниот пристап кон нештата ја раѓа свеста за претпазливост. Уште Ребека Рубинштајн, во далечните 1960-ти години, во својата книга „Луѓе, јазици, писма“ (за чудо, преведена уште тогаш во Македонија), укажува на јазици во изумирање. Книгата некому му ја позајмив, и не ми ја врати, ама помнам дека таму се говореше за некој јазик со само 12 преостанати говорници. А неодамна, во еден српски медиум прочитав раритетна вест, која ја исеков: имено, со смртта на една жена, извесна Боа Ср, жител на Андаманските Острови во Бенгалскиот Залив, исчезнал и еден јазик, јазикот на нејзиното племе, кое јазикот бо го говорело илјадници години. За да може да комуницира со преостанатите 52 житела на островот Стрејт Ајленд, таа жена морала да се подложи на процес на акултурација и да научи хинду.

Пред извесно време, а во врска со претстојните уписи на факултетите, медиумите алармантно јавуваа дека драстично опаѓа интересот за изучување на македонскиот јазик. Како човек непосредно вклучен во академскиот сегмент наречен „македонистика“, напишав колумна во која еден дел беше посветен повторно на потребата од посебен законски третман на областите „македонски јазик“ и „македонска книжевност“, академски олицетворени во Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици и во Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Барав (а таа идеја е стара речиси 14 години, од времето кога кратко бев и декан на Филолошкиот факултет) овие две филолошки дисциплини да бидат опфатени со ПОСЕБЕН ЗАКОН, lex specialis, и да не се третираат со никаков закон за образование како „рамноправни“ и „економски конкурентни“ научни дисциплини со, на пример, англискиот јазик, математиката, архитектурата или музиката, туку, напротив, да добијат академски ПОВЛАСТЕН СТАТУС, како што во екологијата има и македонскиот рис, вид во изумирање. Причини за тоа има доволно: јас лично, како студент и млад асистент, помнам едно време кога македонскиот јазик имаше десетици и десетици силни, одлично финансирани и кадровски одлично обезбедени лекторати по целиот свет, во срцето на културните престолнини на Европа (Париз и Прага се доволни примери), но и многу подалеку, во Австралија на пример. Денес е срамно да се каже што од таа мрежа на македонистиката остана – прецизните податоци ги имаат во Ректоратот, на Филолошкиот факултет и во Семинарот за македонски јазик, литература и култура, но претпоставувам дека не се за објавување, поради СРАМ.

Целата колумна од Венко Андоновски можете да ја прочитате на овој линк.

(79)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливада.мк
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:



22.09.2017. Душан Димитров
Мартин Богатиноски
Марјан Тодоровски

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени