| 23.01.2018. ПО СВЕТОТ

Еден човек кој сакал да го скрати патот до работа, бидејки доцнел, тргнал преку една локална шума во близина на градот Чељабинск во централна Русија, кога слушнал чудни звуци.

Продолжил со одење не насетувајќи дека за некоја минутка животот ќе му се промени од корен.

Како што навлегувал во шумата, така и звуците станале се посилни па тргнал кон нив. На неколку метри од патеката затекнал бебе легнато на еден куп лисја покриено со мравки, сторо неколку дена.

 
 

Беше во многу лоша состојба, кожата цела испокасана од инсекти. Сè уште имаше папочна врвца, па го кренал и повикал брза помош.

“Беше јасно дека бебето е напуштено, на повидок немаше никој друг. Сè уште имаше папочна врвца, го кренав и повикав брза помош”, рече тој со тивок и потиштен глас, не знаејќи дека направил херојско дело.

По третманот, бебето сега е стабилно и се очекува целосно закрепнување во болницата во Чељабинск, а полицијата се обидува да ги пронајде неговите родители.

 
 

Портпаролот на полицијата изјави: “Напуштеното бебе старо е три дена. Да не беше пронајдено сигурно би починало. Толку мало, едноставно, не би преживеало во толку сурова средина.”

НАПОМЕНА: Овој настан се случил во 2015 година во Русија, но приказната повторно се нашла во медиумите за да привлече внимание кон сé поголем број напуштени деца во светот.

Во моментов, во Русија има над 650.000 деца кои се регистрирани сирачиња, а од нив 370.000 се во установи за здравствена заштита, додека другите се или во згрижувачки семејства или се усвоени. Некои од овие сирачиња се сметаат за “социјални сирачиња”, бидејќи еден или повеќе биолошки родители се уште се живи.

  
 

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени