| 04.03.2018. ПО СВЕТОТ

Тајната служба, задолжена за заштита на Белата куќа, соопшти дека еден човек се самоубил пред резиденцијата на претседателот.

Белата куќа по пукотниците беше ставена под блокада. Телевизиите прикажаа полициски и амбулантни возила на местото на инцидентот и полицајци како ја опколуваат областа.

„Брзата помош ја згрижи жртвата, маж“, соопшти Тајната служба, додавајќи дека нема други жртви или повредени.

 
 

Полициските тимови се наоѓаат на местото на пукањето и го испитуваат случајот. Американскиот претседател Доналд Трамп во моментот не се наоѓал во Белата куќа, туку во Флорида.

Инцидентите во близина на Белата куќа не се ретки. На 23 февруари возач беше уапсен откако со автомобил удри во безбедносната ограда на Белата куќа.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени