| 24.11.2017. ПО СВЕТОТ

Шверцот на дрога во светот не е баш лесна задача, особено ако се обидуваш да го направиш тоа преку границата на најбогатата и една од најразвиените земји како што се САД. Со оглед на тоа што граничните власти на САД имаат добар буџет, разни играчки за следење на границата и опрема, шверцерите на дрога треба да бидат малку покреативни.

Фрлањето на стоки преку границата се чини дека е популарен пристап овие денови, бидејќи луѓето во последниве години користеа џиновски катапулт и пиштол за компири, за да ги наоружаат со дрога и да ја лансираат преку границата. Сега изгледа дека трикот со пиштолот за компири ја поттикнал имагинацијата на некои експериментални шверцери кои одлучиле дека на идејата и е потребна надградба. Прилично голема надградба, кога сме кај тој муабет.

Минатата недела мексиканските власти запленија огромна базука наполнета со неконвенционална муниција, однсно со марихуана, близу до границата со Аризона.

 
 

  
 

Според мексиканската полиција, базуката била пронајдена скриена во товарно комбе, заедно со околу 816 килограми марихуана и 2.000 парчиња од ваквата муниција. Полицијата верува дека дилерите на дрога имале намера да ја насочат базуката низ подвижниот покрив на комбето и да пукаат големи пакети на марихуана преку границата во блискиот град Даглас во Аризона.

Даглас го дели граничниот премин со мексиканскиот град Агуа Приета, каде што базуката била пронајдена од страна на властите. Откритието им помогнало на полицајците да објаснат уште една нерешена мистерија, кога властите во Даглас останале збунети кога забележале “метак“ од 45 килограми на марихуана кој прелетал над границата додека ги прегледувале безбедносните снимки.

Инаку, ова не е прв пат мексиканската полиција да пронајде луѓе кои користат оружје за проектили со голем дострел за да се обидат да шверцуваат дрога во САД.

 
loading...
 

Властите пронајдоа слични топови во истиот град Агуа Приета во 2016 година. Во тоа време, ABC News го објави ова видео од базуката и модифицираното комбе, чии седишта ги откорнале дилерите, освен се разбира, она на возачот. Незадоволни од властите што им ја конфискувале базуката тогаш, изгледа дека дилерите се обиделе да го повторат трикот.

(5)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени